„Се наоѓате во тродимензионален простор и качувањето е многу забавно. Тоа го прави всушност и да биде убаво – се наоѓате на убава, природна скулптура и вие треба да најдете начин како да се адаптирате на нејзе.
Чувството е прекрасно. Се чувствувате како да сте во хармонија со природата и со пријателите во едно прекрасно место.
Болдерингот на некој начин е потполна уметност во качувањето. Тој претставува движење, решавање на проблеми при качувањето, дружење со пријателите и заеднички решавање на тие проблеми... Тоа е еден забавен процес во кој соработувате
Наместо да застанувам и продолжувам со качувањето, па повторно да застанувам и продолжувам, јас се обидувам да имам континуитет во движењата и да имам доверба во моето тело. Има една фина линија во однос на тоа кога да го користам мојот калкулирачки ум или мојата интуиција, а најдобрите искачувања ги правам кога ги комбинирам овие две работи.
Качувањето и болдерингот на некој начин се медитација во движење. Тоа е мој дел од денот кога можам да се фокусирам на нешто многу едноставно и директно. Тоа е најчистата форма во качувањето затоа што во тој момент сте само вие и карпата...
Мислам дека едно од задоволствата во бодерингот е токму тоа што е тежок и треба да дадете сé од себе и тоа е многу добро чувство...“