"Indian Face" е насока во локалитетот Клоги (ова е скратено од долгото Клогвин Дур Арди) во северен Велс. Линијата е долга 50 метри, искачена прв пат во 1986 година од страна на Џони Довс и оценета Е9, 6с. Во изминатите 24 години ја имаат повторено само уште двајца - Ник Диксон и Нил Гришам (двете искачувања во 1996 година), а пред околу еден месец се случи и третото повторување - од страна на Дејв Меклауд...
Наскоро и нешто повеќе околу оваа насока, а во моментов само размислувањето и пристапот на Дејв околу ова искачување...
Во 2007 година се обидов да ја качам Indian Face, но на крај решив да направам нешто друго на тоа патување...
Тогаш решив да не ја водам насоката од неколку причини. Прво додека ја вежбав на „топ роуп“ ми се искрши фаќалиште и тоа ме направи многу свесен за објективната опасност која не е под моја контрола. Карпата погоре станува солидна и убава за качување, но лушпите на кои се качува со странично повлекување, сепак од време на време знаат да се скршат. Бев среќен што тоа не ми се случи при водење! Значи ова ме загрижи во тој момент. Исто така ме загрижуваше и едно стојалиште, но потоа гледајќи го филмот на Ален Хјус за оваа насока видов дека сум отишол премногу во десно од клучниот детал и дека тоа стојалиште не треба воопшто да го користам.
Друга причина е и тоа што моите стопала се генерално многу слаби и секогаш во првиот месец на качување имам болки. Таа пролет работев на првото искачување на Металкор (8c+) во Анвил до крајот на Мај и практично не правев ништо друго освен висење по тавани. Стопалата многу ме болеа на Indian Face. Па така помислив насоката да ја качам подоцна таа година – што не го направив.
Третата причина не беше целосно поврзана со таа насока туку и со мојата потсвест. Таа година многу работи се сменија за мене. Само што ја имав искачено првата Е11, имав повторено две Е10-ки, ја искачив мојата прва 8с+ и отидов од состојба на комуникација со самиот себе за овие насоки до состојба на претставување на овие проекти пред стотици луѓе на разни презентации. Тоа ме загрижуваше. Се загрижив дека нема да го слушам внатрешниот глас кој прави да качувам безбедно и да носам добри одлуки на карпите и насоките без многу опрема. Дали имав нешто реално што би требало да ме загрижи или не е ирелевантно. Поентата е во тоа дека е умно да се размислува ако се поминува животот во качување високо над последната точка за обезбедување.
Мислев дека е добра идеја да видам дали можам да бидам релаксиран во однос на тоа да качувам и да си отидам од некоја насока и да ја оставам. Бев загрижен дека можеби ќе влезам во неразмислувачка рутина и ќе качувам една по друга насока без да си дадам време да ја соживеам. На тој начин слепо се влегува во незгода. Така донесов одлука да ја оставам Indian Face за некоја друга прилика.
Таа друга прилика пристигна минатата недела откако помина подолг период на суво време и откако веќе имав доволно качувано користејќи ги повеќе моите слаби и стари стопала. Така – отидов и ја качив насоката. Сето ова и не е некоја голема работа нели?
Сепак изненаден сум од тоа што луѓето не ја разбираат сосема разликата помеѓу правење обид на Indian Face и некој проект кој е граница на денешните стандарди. Иако своевремено оваа насока беше за две оцени полесна од тогашниот стандард (денес и уште повеќе) – таа и денес може да те убие ако ти се скрши фаќалиште или ако направиш некоја грешка и паднеш. Да се качува насока во чист стил со многу малку обезбедување – независно дали е технички најлесна или најтешка – треба да го почитуваш фактот дека можеш да загинеш на нејзе. Многу да ја почитуваш.
И колку е потешка насоката толку е помала границата за грешка, а поважно е да се биде целосно исполнет со инспирација, фокус и љубов кон таа насока. За да го заслужи ризикот – треба да ти значи претерано многу. За насока како Echo Wall (н.з. ова е насока која Дејв ја качи точно пред 2 години, на 28-ми Јули 2008г., уште ја нема оценето, но вели е потешка од сé што до тогаш качувал), која лично многу ми значеше, одлучив да го зголемам нивото на прифатлив ризик. IndianFace е прекрасна насока, но го нема тоа значење за мене. Поради тоа ми немаше никаква логика да качувам со слаби прсти и без доволно време да го разработам делот со чудното стојалиште. Остатокот од денот го посветив на друга насока.
Искрено го препорачувам овој процес да од време на време намерно се прекинува рутината да се прави нешти ризично. Препорачувам да се направи чекор назад и да се направи чиста комуникација со себе за ризикот. Ако исто така те прогонуваат гласовите на луѓето да искачите нешто во мачо или идиотски стил – тоа е уште една причина да се повлечете и да го чекате апсолутно вистинскиот момент.
Во исчекување на ново видео, потсетување на 2007г.: