Дел од алпинистичката биографија:
Биографијата е превземена од неговиот личен сајт www.uelisteck.ch каде може да најдете и повеќе информации и фотографии од неговите искачувања
2008 - Соло на северната страна на Гранд Жораз за 2:21часа; експедиција на јужна страна на Анапурна; нова насока на северната страна на Ајгер;
2007 - Експедиција на Анапурна по јужната страна; соло на Ајгер 3:54часа;
2006 - Соло Ајгер; Гашербрум 2 Источен врв (7772м);
2005 - Чолатце (6440м) – прво соло искачување по северната страна;
Тавоче (6505м) – прво соло искачување по источната страна;
2003 – Пунта Херон – Патагонија;
2002/03 – Обид за искачување на Јану (7710) - Непал по северната страна – не стигнува до врвот;
2002 – Монт Дики (2909м)-Аљаска – прво искачување во алпинистички стил (насоката е со следни карактеристики – 1700м, M7+/AI6 5.9/A1);
2001 – искачување на насоката „Тhe young spider” (1800 meter M7/WI6;7a/A2) по северната страна на Ајгер (3970м);
Пумори (7165м) – првенствено искачување во алпинистички стил по западната страна на насока со 1400м, М4, 80 степени мраз;Гранд Жораз – зимско искачување по Северната страна – по Волкеровиот Гребен;
1998-2000 неколку искачувања (меѓу кои 2 соло) на северните страни на Монх (4107м) и Ајгер (3970м);
1995 – прв пат на северната страна на Ајгер (3970м) – по Хекмаер насоката;
|
Тенгкангпоч (6487м)
Прво искачување на северната страна на оваа планина во чист алпинистички стил
На 24-ти Април 2008 година Ули Штек и Симон Антаматен го направија првото искачување во алпинистички стил на северната страна на Тенгкангпоч (6487м) – планина во долината Кумбу во Непал. Насоката се вика Checkmate (оцена: М7+ или М6, А0 – со должина од 2000 метри и стрмнина од 85 степени) и е нивно прво успешно искачување во непалските Хималаи оваа пролетна сезона. За потсетување – нивната главна цел е искачувањето на неверојатната јужна страна на Анапурна (8091м).
Искачувањето е направено во чист алпинистички стил – без експанзиони клинови и фиксни јажиња во период од четири дена (во двата правци). Започнале на 21-ви Април и по два дена стигнале на гребенот на висина од 6350м каде бивакувале. На врвот се искачиле утрото во 7:15 часот по локално време.
На Анапурна планираат да качуваат во алпинистички стил и без употреба на дополнителен кислород по насоката која ја започнаа алпинистите Кристоф Лафаел и Пјер Бегин во 1992 година. При тоа искачување Бегин загина на висина од 7100м, а Лафаел загина во 2006 година при обид за соло искачување во зимски услови на Макалу.
Во 1950 година Анапурна стана првата искачена планина повисока од 8000м - од француска експедиција. Таа статистички е планина со најголема смртност – 40%, најмногу поради лавините по кои оваа планина е позната. До 2005 година на нејзе се имаат качено само 103 алпинисти, а имаат загинато 56.
Јужната страна на Анапурна прв пат е качена во 1970 година од британска експедиција водена од Крис Бонингтон при што на врвот застануваат алпинистите Дагал Хастон и Дон Виланс. |
|
Други текстови за Ули:
- Презентација во Берн - Март/2008г.;
- Тенгкангпоч (6487м) - прво искачување во алпинистички стил по северната страна - Април/2008г. |