Други текстови за/од Меснер

- Пасија за граници;

- Бркајќи го Меснер;

- Убиство на невозможното;

- Интервју R&I

 

Повеќе содржина во ова списание:

www.rockandice.com

Share

Рајнолд Меснер

-11.04.2011г.

Интервју за списанието „Rock and Ice"

Го најавуваат како: „...Првиот човек кој се искачи на Еверест без користење на дополнителен кислород и прв кој се искачи соло на оваа планина. Тој е прв кој се искачи на сите 14 планини повисоки од 8000 метри, го воведе алпинистичкиот стил на качување во Хималаите и го редифинараше алпинизмот во сосема поинаква игра. На домашен терен – во Доломитите, искачи преку 500 нови насоки...“ 

Еве и превод на дел од тоа интервју:

Прашање: Кој е најдобар качувач на сите времиња?

Меснер: Ако зборувате така – „на сите времиња“, принудени сте да ги ставите искачувањата во натпревар. Тоа не е можно. Мислам дека искачувањата како тоа на Монт Блан во 1786 година, искачувањето на Матерхорн во 1865 година, искачувањето на северната страна на Ајгер во 1933 година и првото искачување по директната насока по Рупал страната на Нанга Парбат на Стив Хаус во 2005 година – не може да се споредуваат помеѓу себе. Секоја генерација си има можност да ги постигне целите на своето време и споменатите се водечките искачувања. Историјата на качувањето има за цел само да го открие најважното искачување на секоја посебна генерација. Не можете да ги споредувате најважите искачувања од 1930-тите со тие од 1970-тите и со тие денес. Секој човек од овие искачувања е важна личност само во своето време, а не и надвор од него. Затоа е многу погрешно да се каже за некој човек дека е најдобар качувач на сите времиња.

Прашање: Некои велат дека вие сте најдобриот качувач на сите времиња...

Меснер: Со тоа ми покажуваат дека немаат познавање на историјата. Без сомнеж јас ја имав водечката улога во искачувањето на највисоките планини во периодот од 1975 година до почетокот на 1980-тите, затоа што заедно со Питер Хабалер откривме нов стил на пристапување и бевме единствените кои се однесуваа на таков начин во еден краток период – само неколку години. Никој друг го немаше потребното искуство за тоа. Но многу брзо бевме надминати од полските качувачи, словенечките качувачи...

Прашање: Убиство на невозможното...

Меснер: Ако ги употребувате сите технички помагала кои се денес на располагање – можете сé да постигнете. Без дури и да бидете качувач. Можете да одите на било која карпа, да поставувате експанзионен клин на секој метар и да поминете сé што сакате. На тој начин невозможното повеќе нема да биде таму. Еволуцијата во качувањето и во алпинизмот се заснова на фактот дека секоја генерација се обидува да го направи невозможното – возможно. Треба да ја оставиме таа можност дека нешто ќе остане невозможно. Ако треба и милион години.

Прашање: Лекции од неуспесите

Меснер: Не бев успешен во искачувањето на планините повисоки од 8000 метри – 13 пати. Без тие неуспеси немаше денес да бидам овде. Без тие неуспеси, на крај може и немаше да успеам. Не станав успешен во тоа што го работам поради тоа што сум поголем од другите или поинтелегентен. Станав успешен затоа што ја имав волјата да се откажам, да се вратам дома и да се обидувам повторно и повторно и повторно...

Прашање: Најдобриот качувач денес?

Меснер: Тешко е да се каже кој е водечката личност денес. Можеби во качувањето на карпа тоа е Шарма или можеби и Адам Ондра, во класичниот алпинизам најмалку 15-тина години тоа беше Александар Хубер – водечката и најкреативната личност во тој правец, а во искачувањето на највисоките планини во последниве години тоа е Стив Хаус. Значи има неколку личности кои се водечки во тие правци. Во класичниот алпинизам треба да надминете големи технички тежини, да се справите со реална опасност и да ја одбегнете – а тоа е уметност и сето тоа да го правите на многу експонирани места. Затоа искачувањето на Стив Хаус на Нанга Парбат е многу важно. Тој беше таму со својот пријател Андерсон и тие беа во многу експониран простор. Ако направеа само една грешка...

Прашање: Живот после смртта

Меснер: Немаме инструмент за тоа. Тоа не можеме да го разбереме со нашиот интелект, со нашите очи, со носот – со инструментите кои ги имаме со кои го разбираме светот. Исто така не можеме да разбереме што е тоа божествена димензија... И не размислувам за тоа. Исто така сум имал неколку моменти кога сум бил многу блиску до смртта. Никогаш немав чувство дека тоа е многу важно во тој момент. Интересно беше тоа чувство дека смртта е наједноставната работа. Се пуштате, паѓате и умирате. Не на карпата – таму се држите и со заби и со нокти за да се задржите... Но ако навистина дојде крајот – тогаш си велите: „ОК, среќен сум што е готово“...

Прашање: Тајната на успехот

Меснер: Делумно мојот успех се должи на тоа што ги имав вистинските партнери. Имав многу добри партнери. Можеби имав многу среќа и добар инстинкт да ги најдам вистинските партнери во сите различни полиња во кои бев активен: качувањето на карпа, качување на високи планини, преминување на пустини и Антарктикот... Вашиот партнер во качувањето треба да се идентификува на ист начин на кој вие се идентификувате со вашата цел. Двајцата (ако се работи за двајца качувачи) треба да имате волја да го направите тоа искачување. Подобро е ако имате пријател во тоа, но може тоа да биде и партнер. Не ви треба пријател – ви треба силен партнер и тој треба да биде најмалку на ваше ниво. Сепак поважно од тоа ниво на качување е идентификацијата со целта. Ако земете некој кој нема волја да оди или пак кој е скептичен – тоа е многу опасно. Тогаш вашата одговорност се зголемува во голема мера. Тоа е многу интересно. Исто така тоа важи општо за сите. На сите млади би сакал да им кажам дека ако се идентификуваат со својата цел и ако ја имаат волјата да се справат со техничките тежини, ако ги најдете вистинските луѓе да ви помогнат – ќе успеете.

Copyright © Alpinizam.org