Битола има мраз - Скопје нема
Нешто како вовед
Кога би знаеле Чкембарите за мразот на Палиснопје, сигурно на Градски би нé јаделе со таа песна. И официјално, а сето тоа документирано со прекрасни фотографии - Битола има мраз. Локација: Палиснопје. Трудот и баењето на Горан, Вања и компанија - т.е. СКК Вертикал од Битола се исплатеше. Кога прв пат ги видов фотките подзинав. Значи големо богатство околу Битола - Палиснопје, близината на карпите околу Прилеп, Пелистер, Козјак кај Плетвар.... Има сигурно уште нешто... Што ми преостанува? Оглас: „Мењам стан во Скопје, за стан во Битола. Контакт: kontakt@alpinizam.org“
- Игор Т. (24.02.2009г)
Еве текст и една фотка од Горан Кузмановски за тоа што се случувало пред два дена на мразот. За повеќе фотки посетете ги на www.verticalbitola.com
Нашиот мраз Tubi-Ice
Историјата на нашиот клуб е некако тесно прврзана со оваа локација. Палиснопје е местото, каде што ја направивме, првата насока Туби на 27 Мај 2004г. Насоката каде што се учевме да водиме и буквално се поврзано со качувањето. И еве после 5 години, барајки локација каде што би можеле да замрзниме вештачки направен водопад, повторно е истата насока.
Накрај големите маки со спроведувањето на водниот систем се исплатија. на карпата имаме мраз, со должина околи 15 метри. Горди сме што барем колку што јас знам ова е прв воопшто а и успешен обид во нашата држава за создавање на вештачки услови за качување по мраз. О Г Р О М Н А благодарност до Гелчо без него ништо од ова немаше да има. Вчера на 22.02.2009 беше најавен Dry tooling/Ice climbing хепенинг, Но ете поради одредени причини таму бевме само ние од нашиот клуб. Иако децата со огромна желба ги очекуваа качвачите од другите градови, и на почеток малку се разочараа, но на крајот на денот беа полни со елан и возбуда од првото качување на мраз на Пелистер, а за некои и воопшто првото во животот. Уште една се убедив дека имаме потенциал за овај спорт, иако за повекето беше првото сретнување со алатките за мраз, елегантно и смело се префрлуваа по висулките од мраз, кој ни најмалку не беа лесни...
Сликава ме инспирира еј... Ајде сите заедно:
„Битола има мраааз, мраааз, мраааз, Битола има мрааааз - Скопје НЕМА!“ |