На оваа тема:
- Ганкс - запознавање;
- Ганкс (09.06.2007)
|
Ганкс!
-30.08.2016г., Игор Т.
Нешто повеќе од 9 години од мојата последна посета на овој локалитет. Сега го посетив само на кратко – да ја допрам карпата и да качам нешто „ситно“. Да се поздравам и заблагодарам! Една кратка насока ми е доволна. Качувањето на овој локалитет пред тие 9 години, мислам дека беше моментот кога дефинитивно мојот пристап кон качувањето се промени од корен: околу тоа што ми е важно, а што не во качувањето. Секој кој барем малку повеќе се задржал на сајтов веројатно разбира за што зборувам.
Со уште тројца мускетари: Русин, Унгарец и Македонец (Шакшама – Слободан Колоски), се подруживме во делот од карпата каде и ги качував првите насоки последниот пат. А сега и комуникацијата беше на македонски јазик (една од насоките Шакшама ја водеше, а јас го обезбедував). Баш некако ми се допадна тоа...
По качувањето, мала прошетка низ Мохонк за уште повеќе да се заљубам во местово! Едвај ја чекам веќе закажаната средба следната година...
Ганкс: пристапување...
Под карпите на Ганкс...
Уживање во Мохонк...
Уживање во Мохонк: „Поделената карпа“
|