други текстови за искачувањата во САД 2007год:
- Ганкс - запознавање;
- Ганкс (09.06.2007);
- Њу Хемпшир - запознавање;
- Њу Хемпшир (15/16.06.2007)
- Вест Поинт (23.06.2007);
- Вест Поинт - Јули/2007 |
Ганкс - запознавање
Шованганк (или Шонгам) или скратено (и најчесто користено) само Ганкс е еден од најстарите качувачки локалитети во САД. Се наоѓа на околу 150 километри северно од Њујорк, во близина на градот Њу Палц. Првата насока е искачена во 1935 година од страна на Фриц Виснер и Џон и Пеги Навас, а денес бројот на насоките се движи околу 1200.
Генерално почетоците на качувањата се поврзани со алпинисти од Европа кои емигрирале во тој период во САД и кои таму ги пренесуваат своите искуства од Алпите и Доломитите. Подоцна како и во сите локалитети во оваа земја тие прифаќаат високи стандарди на етика и насоките ги качуваат во „традиционален“ стил т.е. само со поставување на чокови, френдови, гуртни... Во 1988 година се донесува одлука со која се забранува употреба на клинови (било какви) и едноставно се дозволува замена на дотраените – на сидриштата.
Така денес Ганкс претставува едно од најомилените места за овој начин на качување во САД (или поточно во источниот дел на САД) и едно од најпосетуваните – за време на викенд овде доаѓаат преку 500 качувачи кои качуваат традицинални насоки, топ-роуп, болдеринг...
Постојат четири главни подлокалитети и велат дека нивната должина изнесува околу 5 километри – треба сепак нели некаде да се сместат тие 1200 насоки :)... Најголемата височина на насоките е околу 80 метри, а техничките тежини од најлесни до најтешки. Симнувањето се прави често со абзел. За таа цел постојат места од кои може да се направи единечен абзел од 60 метри (или 2 по 30м), но ако насоката се наоѓа во близина на еден од краевите на гребенот, се следи лесна патека која излегува на патот под насоките... |