Навистина ме разочаруваат вакви вести, но тоа за жал е нешто многу логично „во денешно време“ – кога луѓето како што вели Ивон Шуинард „не сакаат да научат да качуваат, туку само сакаат да стигнат до врвот“, време кога имаме личности кои не знаат да врзат основен алпинистички чвор, а се враќаат како „освојувачи на Еверест“ итн итн...
Но, да не мешаме баби и жаби. Долуопишаниот случај е малку поинаков од овој во претходната реченица... „Малку поинаков“, бидејќи сепак убиството на алпинизмот во едниот случај (одберете вие кој) е направено со нож во грб, а во другиот со пиштол во гради... Што би рекол некој „I’m just saying!“ ;) Да не забегувам:
Ви текнува ли на „Неки нови клинци“? Е па ова е нешто како апдејт со „Неки нови“ – нови клинци. Во трката за тоа некој да биде „прв на сите 14 - 8 иљадарки“, да биде „прв на највисоките врвови на сите 7 континенти“, да биде „прв на сите два највисоки на сите 7“, да биде „прв човек кој помислил на качување планина“, да биде „прва жена“, „прво дете“, „прво куче“, „прв....“ – во таквиот пристап да се биде „ПРВ!“, во последно време како и во некои други натпреварувачки спортови (иако алпинизмот не е натпреварувачки спорт), некои „алпинисти“ види молим ти се – се одлучиле „да лажираат резултати“!
Последен случај кој излезе на виделина е приказната поврзана со Австриецот Кристијан Штангл, кој сé до пред некој ден можеше да се пофали со единственото искачување на К2 оваа сезона. Човекот си поставил за цел да се искачи на највисоките два врва на сите 7 континенти и К2 му беше претпоследна планина во списокот. До ден денес и покрај јавното признавање пред камерите на националната австриска телевизија дека не се искачил до врвот, Штангл на својот личен веб-сајт уште го води искачувањето на К2 како успешно!
И да – значи Штангл јавно призна дека не бил на врвот и наведува некои причини зошто лажел како: „стрес“, страв од неуспех“... Лично не верувам дека Штангл некогаш ќе признаеше дека не бил до врвот и всушност побрза да го направи тоа само поради тоа што се потсобраа доволно добри докази дека лаже и дека недостасуваа часови ако не и минути пред бламажата да биде откриена од други луѓе, а не од него самиот. Вака наводно излезе дека има доблест – и пак ќе кажам не верувам во тоа...
Повеќе ништо не ни е чудно нели, но не и за мачево: