На оваа тема:

- Новата сорта „алпинисти“;

- Сепак оваа година никој на К2;

- Фалете се!

 

Девет начини како да се фалите!

-06.12.2012г., Џејмс Лукас, Life of a walking monkey

Ако го читате ова, најверојатно не сте Алекс Хонолд, Томи Колдвел или Саша Дигулиан.
Најверојатно сте само уште еден обичен човек, кој сака да биде како овие супер качувачи.
Има два начини како да станете толку добри во качувањето:

1. Качувајте 60 саати неделно во период од 20 години и при тоа посебно внимавајте на исхраната и имајте многу интензивен тренинг или

2. Научете како да им звучите на другите луѓе околу вас како да сте еден од тие супер качувачи. Еве неколку совети за почеток: 

Зборувајте во сегашно време
. Така ќе звучите како постојано да сте некаде на качување и секогаш можете да дадете информации стоејќи покрај карпата. „Кога го качувам Носот на Ел Капитен, си носам екстра френд.“ Никој нема да забележи, дека вие всушност само еднаш сте го качиле Носот да речеме, пред 15 години. Наместо тоа ќе мислат дека качувате таму секоја недела во последните десет години.

Направете го вашето искачување посебно. Да бидете прв во нешто е секогаш важно. Иако 13,876 луѓе го качиле болдер проблемот (со лесна тежина) кој вие го планирате со години – кажете дека вие сте првиот човек кој потекнува од „нискообразовано семјество на ентузијасти кои сакале да имаат деца“, кој сака да го помине тој болдер проблем. Кажете дека сте првиот П.Л.А.Ч.К.О. кој сака да го искачи! Запомнете дека секогаш треба да почнете да ги кажувате важните делови – дека вие сте првиот човек кој ја поминал Магичната Светлина (сега почнете да мрморите) во Саботата (сега продолжете тивко), а со вас бил некој кој се презивал Џордан (сега сосема тивко) а се викал Даниел. (Слободно сменете го името на насоката, денот од неделата и името на пертнерот).

Бидете нејасни.
Технички, не лажам кога ќе кажам: „Јас качувам до X+ на Ел Капитен.“ Ова е вистина затоа што до толку и качувам... Потоа техники се влечам низ таа оцена. Така луѓето ќе мислат дека навистина качувам толку тешки оцени... а тоа нé носи до следниот совет.

Кажувајте големи работи!
Тешки оцени, тешки насоки, тешко сé. „Бев на Х+ на Ел Капитен“ Кога користите оцени како Х+ и карпи како Ел Капитен, луѓето толку се воодушевуваат, што нема да забележат дека сте го искористиле предлогот „на“. Ова е тоа што мислам да бидете нејасни. Предлогот на може да значи многу работи. Дека сте виселе на таа насока, технички сте качувале на нејзе, сте абзелувале на неа, или пак само да сте ја допреле карпата на почетокот. Сето тоа може да биде „на“. Ама еј, навистина „ Јас бев на X+ на Ел Капитен.“

Знајте го речникот.
Ако имавте намера да качите некоја насока во еден ден, но работите ептен ги зае***те и преживеавте тешки моменти во непланиран и студен бивак на полица и не сте имале вода за пиење, само кажете дека сте ја качувале насоката „во еден здив/обид“. Тоа е исто како да висите на една насока која сте сакале да ја водите со веќе поставено обезбедување. Кажете дека сте сакале да ја „почувствувате“ карпата. „Чашата е секогаш полу полна...

Нагласете ја опасноста.
Да речеме дека сте 3 метри над земја на топ-роуп сидриште со 18 експанзиони клинови. Ми делува дека сте на место со сомнителна опрема и сте во смртна опасност. Еј, стари луѓе умираат ако паднат од 1 метар, а јажињата и експанзионите клинови имаат 1 во 100,000,0000 шанса да се извадат

Нагласете ги зборовите. Додавајте зборови како мега, супер и класик со предзнак „НАЈ“... Така, насоката со тежина IV+ станува супер-мега-најмалку обезбедена насока на целата карпа. Сите знаат дека кога се додаваат суперлативи сé звучи многу подобро. Не, извинете, звучат НАЈДОБРО.

Оцените се Субјективни.
Во бизнисот со недвижности најважно е „Локација, локација, локација“. Со оцените во качувањето е „Прецени, прецени, прецени“ VII+ е блиску до VIII-, што всушност е исто како VIII. Бум! Само што ви порасна егото. ГОлем успех! Ова исто ги опфаќа и оцените за опасност, кои пак се најмногу субјективни.

Кажете им на сите.
Верувале или не, сите сакаат да слушнат за вашето искачување. Јас сакам. Дефинитивно. Направете солидна група на следбеници, т.е. фанови, кои ќе ги промовираат вашите дриблања. Чудно е сами да се фалите, но ако тоа го прават други – тоа е добро. Плус дали некогаш сте играле расипан телефон? Еден куп информации ќе се изгубат, ако еден куп луѓе зборуваат за вас. Деталите за искачувањето ќе се заташкаат, така што вашиот 138-ми обид да искачите нешто, еден ден ќе стане искачување „од прва“. Тоа е тоа!

И ете! Сега сте на добар пат да станете следниот супер про качувач. Излезете и ФАЛЕТЕ СЕ

Copyright © Alpinizam.org