Партнер во нашите авантури

 

Друго од Black Diamond:

- Челни лампи (модели 2014/15)

- First shot;

- Челни лампи (модели 2012/13) ;

- Каталогот од 1972-ра

Share

Новини од Black Diamond кај челните лампи

-15.01.2015г., Игор Т.

По некое посјајно, а и по некое уникатно моделче

Откако пред некоја година ги претставивме моделите на челни лампи од Black Diamond (BD), кои беа прва понуда во Outdoor.mk, сега би направиле мало освежување во претставувањето на новините. Имено дел од моделите BD ги направи нешто посјајни, а има и по некој уникатен момент.

Посјајните Спот и Космо
При првото претставување Спот и Космо беа моделчиња кои имаа по 90 т.е. 55 лумени соодветно и даваа светлина со максимално растојание до 70 метри т.е. 33 метри соодветно. Од минатата, а од оваа година и кај нас во Македонија, достапни се нешто посјајните верзии на овие модели, но и со по некоја новина во нив.

Имено, моделот Спот сега има 130 лумени и дава светлина до максимум 75 метри, а Космо има 90 лумени и дава светлина до 50 метри. Ова секако е во нивната најсилна позиција на димерот. Спотот е сега втора најсилна челна лампа после Иконот, а е најпопуларната и најчесто користената челна лампа од палетата на оваа компанија и ги има сите потребни функции за секој сериозен и посветен авантурист. Покрај сјајноста, новина е и една функција која овозможува брзо преминување од помала јачина во најголема јачина и враќање назад на таа која претходно била постигната со димерот – на едноставен допир со прст.

Ова е краткото претставување на новините кај Спот:

Ион
Ова веќе е целосно нов модел во понудата во Outdoor.mk, кој е и по нешто уникатен: функциите се менуваат на допир (а не со притискање на прекинувач како што беше со другите лампи вообичаено), т.е. со поминување со прст на лампата.
Супер лесен модел кој вклучувајќи ги и двете ААА батерии од кои се напојува – тежи само неверојатни 48 грама! Има две диоди од кои едната е бела и е DoublePower LED, а другата е црвена и е SinglePower LED. Максималната јачина од 80 лумени кај оваа лампа овозможува макисмална видливост до 38 метри, а вклучени се сите популарни фукнции: димер (за намалување/зголемување на јачината), трепкање, заклучување и секако црвената светлина за полесно привикнување на работа во темница. Димерот при штедливост овозможува максимално користење на оваа лампа до 200 часа. Одличен ултра лесен модел!

И за него кратко видео претставување:

И како за крај табела за споредба на моделите на челни лампи кои во моментов се нудат во Outdoor.mk!
(Во продажниот центар има повеќе бои на избор од секој модел. Овде само се претставени моделите за да се види нивниот изглед):



За други детали околу овие челни лампи контактирајте со Outdoor.mk на: info@outdoor.mk

Copyright © Alpinizam.org