Наш партнер:




На оваа тема:

- Долна облека;

- Belay Device изолација;

- „Подебели“ полари

Share

Millet: Belay Device

-13.11.2012г., Игор Т.

Алатка за обезбедување во облик на „монтка“
Во својот асортиман на јакни, француската компанија MILLET го има и моделот наречен Belay Device. Тоа е лесна и издржлива јакна која одлично одбива вода, која во себе има интегрирана капа и е одлична за широкиот спектар на спортски активности во планините во студените периоди, кои полека но сигурно ни доаѓаат.

Основни карактеристики:

-Интегрирана капа,
-Патент во средината, кој се отвара во двата правци (може да се отвори и од доле кон горе),
-3 надворешни џеба со патент,
-Долниот дел од јакната е со можност да се затегне по потреба и да спречи влегување на студен воздух и снег,
-Специјален оформен дел кај лактите кој овозможува нормално, анатомско држење на рацете и тоа овозможува поголема слобода во движењето,
-Вреќичка за собирање на јакната која благодарение на материјалите може да зафати многу мал простор,
-Фит и функционалност од т.н. „Експерт серија“ на Millet.

Технологии и материјали:
Pertex® Microlight Triple Rip Stop light
100% Polyamide DWR treated
Primaloft® Sport 100g
100% Polyester

Тежина
0,640 kg

За изолацијата
Висококвалитетната облека за студениот период од годината, добива многу поголем квалитет со Primaloft® изолацијата. Конкретно во овој модел, тоа е линијата PrimaLoft® SPORT. Тоа е одличен материјал за изолација создаден за супериорна топлина, отпорност на вода, мекост и можност за компресија при пакувањето. Овој материјал го одржува телото топло, суво и комфорно дури и во екстремни услови.

Фините влакна на овој материјал создаваат воздушни џебови кои ја заробуваат топлината на телото и го чуваат од влијанието на студениот воздух од надвор. Овие влакна се креирани да бидат отпорни на вода и создаваат силна површинска тензија која не дозволува навлегување на влагата од надвор и на тој начин се добива изолација која се суши побрзо и од перјаните производи. Овие фини влакна ја имитираат можноста за одлично компресирање на пердувите, а истовремено и овозможуваат транспорт на испарувњето на влагата кон надвор и ја чуваат кожата сува.

За разлика од пердувите, PrimaLoft® материјалот задржува 96% од својот изолационен квалитет дури и кога е влажен и затоа е одличен избор за облека која е наменета да се користи во студени и влажни услови.

Belay device
Оваа јакна треба да е ваш избор ако сакате „експертска“ јакна која е мека, фина, комфорна, која ќе ве топли и која ќе ги издржи сите малтретирања: при планинарење, качување, скијање и било кои други секојдневни работни обврски.


Каде да се купи

Посетете ја продавницата на Outdoor.mk во Скопје, во близината на спомен куќата на Мајка Тереза и погледнете го овој, но и другите модели од асортиманот на Millet. Конкретно овој модел чини 9500,- денари, а за членови на планинарски и алпинистички клубови, со приложување на легитимација за тековната година, следува попуст од 10%.

Copyright © Alpinizam.org