Наш партнер:




На оваа тема:

- Долна облека;

- Belay Device изолација;

- „Подебели“ полари

Share

Millet: „Подебелите“ полари

-11.01.2012г., Игор Т.

„Подебелите“ полари

Во Outdoor.mk се нудат неколку различни типови на полари од француската компанија Millet, кои би се користеле како втор или горен слој во зависност од условите. Некои од нив се забележително „подебели“ и би сакал во овој текст токму и на нив да се задржам.

Millet е најмногу познат по својата бескомпромисност во изборот на материјали во своите производи и остварува соработка со производители кои постојано работат на усовршување на тие материјали. Токму и од таму целосно оправдано е тоа „Mountain by experience” во нивното лого, затоа што секој знае дека во планините, независно колку „домашни“ и „познати“ ни се – не смее да има компромис во облеката и опремата!

Од тие „подебели“ полари ги издвојувам овие модели: Lugan High Loft, Bear Loft, Wilderness и Iceland.

Lugan High Loft
Во овој модел Millet работи заедно со Polartec и тоа конкретно го користи материјалот Thermal Pro High Loft, кој гарантира термална заштита во екстремно студени временски услови.

Овој материјал е најтоплиот и најлесен „полар“ материјал кој постои денес! Тој тоа го постигнува со одлична имитација на структурата на крзното кај животните: од надворешната страна влакната се подолги и погусти создавајќи го и одржувајќи го волуменот, а од долната страна многу густи микро-влакна ја заробуваат топлината. И покрај својата „дебелина“, материјалот и конечниот производ можат одлично да се компресираат, лесно да се пакуваат во ранец и при тоа да зафатат мал простор, а исто така и се неверојатно лестни!

Моделот Lugan на Millet има и уште по некој друг детал: зајакнување во делот над рамењата со што се штити материјалот од износување, целосен патент, 2 џеба во висина на градите, 2 џеба во долниот дел, можност по потреба долниот дел да се затегнува со што се избегнува навлегување на студен воздух или снег под производот, како и растегливи делови околу половината и под рацете за што поголема слобода при движењето.

Bear Loft
Ова е женски модел на полар направен со истиот материјал: Thermal Pro High Loft. Повторно, Millet со целото свое искуство, нуди производ кој е со супериорна термална контрола во многу студени услови и кој има одличен сооднос на тежина и топлина. Моделот е струкиран, има целосен патент, додатоци во кројот кои допринесуваат во неговата отпорност на ветер, 2 џеба во долниот дел и можност по потреба долниот дел да се затегнува со што се избегнува навлегување на студен воздух или снег под производот.

Wilderness
Повторно заедно со Polartec, но сега со друг материјал: Thermal Pro. Oд Polartec велат дека тоа е нивниот визуелно најдинамичен и најтехнички материјал. Од Milet таа најдинамичност ја имаат смирено во еден убав класичен на изглед модел, па останува да се потпреме само на најтехничноста која ја надополнуваат уште и: целосен патент, 2 џеба во долниот дел и можност долниот дел по потреба да се затегне со што се избегнува навлегување на студен воздух или снег под производот.

Iceland
Во овој модел, Millet соработува со италијанската компанија Pontetorto. Понтеторто во својата богата палета на материјали, во спортскиот сегмент го нуди и материјалот TecnoWool.

Тоа е нова генерација на термална изолација, која е наменета за заштита во многу студени услови. Овој материјал им го дава класичниот „пуловер“ изглед на производите, но неговата специјална конструкција им овозможува зголемена термална изолација. Исто така во плетката е инкорпорирана и мембрана која ја зголемува отпорноста на ветер, а е задржано дишечкото својство...

Iceland е конечен производ кој е направен од мешавина од овој материјал и волна и тоа во следниот состав: Tecnowool 48%, полиестер 37%  и волна 15%. Покрај материјалите, кои овозможуваат природна топлина и природнo антибактериско својство на волната, еве и по некој друг детал за овој производ: целосен патент, 1 џеб во висина на градите, 2 џеба во долниот дел и и можност долниот дел по потреба да се затегне со што се избегнува навлегување на студен воздух или снег под производот.

За повеќе детали посетете ја продавницата Outdoor.mk на улица Македонија, во непосредна близина на спомен куќата на Мајка Тереза.

Copyright © Alpinizam.org