![]() |
|||||||||||||
![]() Millet: долна облека -24.05.2012г., Игор Т.
Како човек кој е често активен во планинските спортови, среќен сум што конечно ќе имаме можност да имаме избор на квалитетна долна облека од францускиот производител Millet, која веќе е достапна преку Outdoor.mk. Во следните неколку реда ќе ви ги претставам основните карактеристики на овие производи и технологијата која ова компанија ја користи во изработката на долната облека... Основата на долната облека која ќе биде во почетокот достапна е т.н. „Fusion” технологија, со која градбата на производот се состои од соодветна комбинација на природни и вештачки влакна т.е. во овој случај волна и полиестер. Тие овозможуваат производот да биде максимално комфорен и функционален: волната дава топлина и е антибактериска, а полиестерот го подобрува преносот на влагата кон надвор и го зајакнува производот.
Исто така Милет кај своите производи користи и Polygiene® техологија, со која тие се заштитуваат од бактерии кои вообичаено се развиваат на материјалите и кои се причина за ширење на непријатна миризба (која е прва лоша карактеристика кај слични вакви производи). Имено со минимално користење на специјална сол, се овозможува на природен и многу ефективeн начин производот да биде антибактериски третиран и тоа гарантирано да го одржува како нов. Милет во производството на голем дел од своите производи исто така делумно користи и рециклирани влакна и со тоа ја докажува својата цврста решеност да работи на развој на производи кои се со минимално лошо влијание врз средината, а сепак да ја задржи нивната ефикасност и издржливост. Милет со тоа нуди краен производ кој може да се користи во сите периоди од годината, кој е многу едноставен и лесен за одржување и кој е екстремно издржлив. Покрај тоа што Милет нуди горен и долен дел во овој сегмент, тој нуди и посебни кроеви за машки и женски модели, кои доаѓаат во различни бои: виолетова, портокалова, црна, темно сина... Outdoor.mk во периодот до 31-ви мај на целиот асортиман во својата продавница нуди попуст од 20% и овие производи се достапни по одлични цени! За повеќе детали посетете ја продавницата на улица Македонија, во непосредна близина на спомен куќата на Мајка Тереза. |
|||||||||||||
Copyright © Alpinizam.org |