Еверест - 8850 м.
1921,1938 - Неколку британски неуспешни експедиции од Северна Страна.
1952 - Две швајцарски експедиции-првата стигнува до Јужното Седло преку Женевскиот Гребен и Југоисточниот Гребен и притоа стигнува до висина од 8595 метри, а втората преку Лотце Страната - ова станува нормална насока.
1953 - На 29-ти мај Е.Хилари и Т.Норгај го прават првото искачување како членови на британска експедиција.
1956 - Швајцарска експедиција го прави второто искачување.
1963 - Првото пречење е направено од американците В.Ансолд и Т.Хорнбајн кои се искачуваат преку Западниот Гребен а се симнуваат преку Југоисточниот Гребен.
1975 - Јунко Табеи станува првата жена која се качила на Еверест со шерпасот Анг Церинг. Во есенската сезона британска експедиција прави прво искачување преку југозападната страна.
1978 - 15-то искачување на врвот, а прво без употреба на дополнителен килсород: Р.Меснер и П.Хабелер на 8-ми мај се искачуваат преку нормалната насока.
1979 - Југословенска експедиција прави целосно искачување на Западниот Гребен - најтешката насока на планината.
1980 - Полските алпинисти преку Југоисточниот Гребен го прават првото зимско искачување. Јапонска експедиција прави целосно искачување на Северната Страна. Полска експедиција прави прво искачување на Јужниот Столб, а на 20-ти Август Р.Меснер го прави првото соло искачување без употреба на дополнителен кислород.
1982 - Руска експедиција прави искачување преку Југозападниот Столб.
1983 - Во еден ден во Октомври неколку наврски стигнуваат до врвот. Две американски групи преку Источната Страна и две јапонски групи преку Јужниот Столб и Југоисточниот Гребен.
1986 - Швајцарецот Е.Лоретан и Французинот Ж.Троилет прават искачување преку Хорнбајн Кулоарот на Северната Страна.
1989 - На 10-Мај на врвот застанува Македонецот Димитар Илиевски - Мурато
1994 - Јапонски алпинисти прават зимско повторување на насока на Бонингтон на Југозападната Страна. |