К2 - 8611 м.

Насоките на К2

Југо-источен Гребен / Абруци Гребен – искачена на 31-ви Јули 1954 година од Италијанците Аџиле Компањони и Лино Лакадели

Северо-источен Гребен / Абруци Гребен – искачена на 6-ти Септември 1978 година од Американците Луис Рајхарт, Џејмс Викваер, Ричард Риџвеј и Џон Роскели

Западен Гребен / Југо-западна Страна – искачена на 7-ми Август 1981 година од Јапонецот Еихо Охтани

Северен Гребен – искачена на 14/15-ти Август 1982 година од Јапонците Наоу Сакашита, Јукиро Јанагисави, Хироши Јошино, Хироноби Камуро, Харуичи Кавамура, Тацуџи Шигено и Казашиге Таками

Јужна Страна (Централно Ребро) – искачена на 8-ми Јули 1986 година од Полјаците Јержи Кукучка, Тадеус Пјотровски (загинува на симнување)

Југо-југозападен Столб („Магична Линија“) – искачена на 3-ти Август 1986 година од Полјаците Петер Бог, Пжемислав Пјасецки и Војчех Вруз (загинува на симнување)

Северо-западна Страна / Северен Гребен (Страна) – искачена на 9-ти Август 1990 година од Јапонците Хиротака Имамаура и Хидеји Назука

Северо-западен Гребен / Северен Гребен – искачена на 15-ти Август 1991 година од Французите Пјер Бегин и Кристоф Профит

Западен Гребен / Југо-западна Страна – искачена на 2-ри Септември 1993 година од Англичаните Џонатан Прат и Даниел Мазур

Западен Гребен / Западна Страна (варијанта) – искачена на 19-ти и 28-ми Август 1997 година од Јапонците ОсамаТанабе, Микио Сузуки, Кунихито Накагава, Масамики Такине, Акира Накаџима, Риоџи Јамада и Масами Кобајаши заедно со Дава Таши, Ѓалбу, Мингма Церинг и Наванг Тиле.

Дел од историјата

1856 - Германскиот истражувач Адолф Шлагинтвајт се искачува на планинскиот превој Источен Мустаг. Во истата година британскиот офицер, капетан Т.Г.Монтгомери, на растојание од околу 200 километри здогледува „група високи врвови во хоризонтот“. Ги набројува и именува највисоките од нив како К1, К2... „К“ значи Каракорам. Многу подоцна се дознало дека локално име за К2 е Чогори.

1861 - Британскиот полковник Х.Х. Годвин-Остин го истражува регионот на западен Каракорам, ја прави првата мапа на областа (1:500 000) и ги пишува првите описи за приод кон К2.

1892 - Британскиот алпинист В.М.Конвеј прави извидничка експедиција до подножјето на К2.

1902 - Меѓународна едспедиција се обидува да се искачи на К2 преку Североисточниот гребен стигнувајќи до висина од околу 6200метри.

1909 - Војводата Луиџи Амадео (Војводата од Абруци) е водач на италијанска експедиција. Тој како најлесна насока кон врвот го гледа Југоисточниот Гребен кој подоцна е наречен Абруци Гребен (ребро). Неговата експедиција стигнува висина од околу 6000метри.

1938 - Мала американска експедиција водена од Чарлс Хјустон се искачува преку Абруци Гребенот до точка помеѓу Рамото и Црната Пирамида. Тие се првите кои ги поминуваат најтешките делови од насоката.

1939 - Американецот со австриско потекло Фриц Виснер стигнува на само околу 200 метри под врвот заедно со шерпасот Пасанг Дава Лама без кислород. Во експедицијата загинуваат американскиот алпинист Дадли Вулф и тројца шерпаси.

1953 - Повторно американска експедиција - поради лошо време алпинистите стигнуваат на висина од само 7500 метри при што загинува Арт Гилки.

1954 - Првото искачување на планината е направено на 31-ви јули од Ахиле Компањони и Лино Лачедели кои стигнуваат до врвот преку Гребенот Абруци.

1978 - За првпат пакинстанската влада издава две дозволи за К2. Британската експедиција водена од К. Бонингтон се повлекува од планираната нова насока по Западниот Гребен по загинувањето на еден член во лавина, а Американците водени од Џ.Витакер успешно се искачуваат по Североисточниот Гребен.

1979 - За првпат мал тим - Р.Меснер и М.Дахер се искачуваат на врвот преку Гребенот Абруци на 12-ти јули.

1982 - Прво успешно искачување преку Западниот Гребен од јапонска експедиција.

1986 - Во летниот период 11 експедиции. Први искачувања на Магичната Линија, Јужната Страна, Второто Ребро на десната страна на Јужната Страна. На врвот застануваат три жени меѓу кои и Ванда Руткиевич. 13 жртви во оваа сезона.

1991 - П.Бегин и К.Профит на 15-ти август прават прво искачување на северозападниот гребен.

Високите Врвови

Еверест

К2

Нанга Парбат

Хиден Пик (Гашербрум 1)

Copyright © 2005 Alpinizam.org