Хиден Пик (Гашербрум 1) - 8068м.

1862,1887 - Британски истражувачи ги прават првите забелешки за Гашербрум 1.

1889,1929 - Гашербрум 1 е измерен и форографиран од британски и италијански истражувачи. Во тој период го добива името Хиден Пик.

1934 - Меѓународна експедиција водена од Швајцарецот Г.О.Дуренфурт - преку Југозападното Ребро достигната е височина од околу 6300 метри.

1936 - Француска експедиција преку Јужното Ребро стигнува височина од околу 6900 метри.

1958 - Првото искачување е направено на 4-ти јули од П.Шоенинг и А.Кауфман преку Југоисточното Ребро.

1975 - Прво искачување на врв повисок од 8000метри во класичен алпинистички стил и без употреба на дополнителен кислород: на 10-ти август Р.Меснер и П.Хабелер стигнуваат на врвот преку Северната Страна. Еден ден подоцна на врвот застануваат тројца Австријци преку насоката од 1958.

1977 - Четвртото искачување е направено од Словенците А.Штремфељ и Н.Заплотник кои се искачуваат на врвот преку Југозападниот Гребен.

1980 - Француска експедиција го прави петтото искачување преку Јужниот Гребен (прво искачување по оваа насока).

1982 - Германска експедиција прави искачување по нова насока на Северната Страна. С.Саудан и неговата сопруга како членови на француско-швајцарска експедиција стигнуваат до врвот со уште тројца други алпинисти (прво искачување од жена). Саудан од врвот се спушта со скии до базниот камп ( прво целосно спуштање со скии на планина повисока од 8000метри).

1983 - Швајцарска експедиција прави искачување на Гашербрум 1, Гашербрум 2 (8035метри) и Броад Пик (8047метри). Истото лето полските алпинисти Ј.Кукучка и В.Куртика прават искачување по Југозападната Страна во алпинистички стил.

1984 - Во период од една недела Р.Меснер и Х.Камерлендер го прават првото пречење на планини повисоки од 8000метри: Гашербрум 1 и 2.

Високите Врвови

Еверест

К2

Нанга Парбат

Хиден Пик (Гашербрум 1)

Copyright © 2005 Alpinizam.org