Нанга Парбат - 8125м
1895 - Британскиот алпинист Мамери стигнува на височина од 6000метри на Дијамир Страната, но исчезнува на враќање со двајца носачи.
1932 - Германско-Американска експедиција водена од В.Меркл ја посетува Северната Страна на планината. Се искачуваат на Ракиот и стигнуваат до Источниот Гребен.
1934 - По истата насока како во 1932 пет германски алпинисти и единаесет шерпаси стигнуваат до Сребреното Плато. П.Ашенбренер и Е.Шнајдер стигнуваат до височина од околу 7800метри. Во невреме исчезнуваат У.Виланд, В.Велценбах, В.Меркл и шест шерпаси, а претходно во текот на искачувањето загинува А.Дрексел.
1937 - Повторно германски обид - единаесет шерпаси загинуваат на четвртиот висински логор во лавина.
1938 - Експедиција на Северната Страна на планината под водство на П.Бауер.
1939 - Експедиција водена од П. Ауфшнајтер: две одделни линии по Дијамир Страната стигнуваат висина од околу 6000метри.
1953 - На 3-ти јули Херман Бул го прави првото искачување на Нанга Парбат како член на германско-австриската Вили Меркл Меморијална Експедиција. Бул ги искачува последните 1300 вертикални метри самостојно.
1962 - Второ искачување на планината од Германска експедиција преку Дијамир Страната по насока на десната страна на Северниот Врв. На врвот стигнуваат Т.Кинсхофер, А.Манхард и Зиги Лоу кој загинува при симнувањето.
1970 - Зиги Лоу Меморијална Експедиција: на 27-ми јуни на врвот се искачуваат Гунтер и Рајнолд Меснер, а на 28-ми јуни Ф.Куен и П.Шолц. Гунтер загинува при симнување.
1975 - Четвртото искачување (второ по Северната Страна) е направено од Чехословачка експедиција.
1976 - Австрискиот алпинист Х.Шел организира тим од четири алпинисти во обид да искачат насока на левата страна на Рупал Страната. Сите четворица успеваат да стигнат на врвот и оваа насока е наједноставната насока до врвот.
1978 - Рајнолд Меснер го прави првото соло искачување на Нанга Парбат (и воопшто на некоја планина повисока од 8000метри) стигнувајќи на врвот на 9-ти август. Во исто време мала австриска експедиција прави полесна варијанта од насоката искачена во 1962 година.
1982 - Како член на 12 члена експедиција швајцарскиот алпинист У.Булер прави прво искачување на Југоисточниот Гребен до Јужниот Врв, последниот дел самостојно.
1985 - Полски аплинисти на 13-ти јули како членови на интернационална експедиција стигнуваат на врвот преку Југоисточниот Столб.
1995 - Јапонска експедиција прави нова насока на десната страна на Ракиот Страната. |