Инес Паперт

Родена е во 1974 година во Витенберг, Германија.

Во периодот од 2000-та до 2006-та година има освоено преку 20 први места на натпревари во качување на мраз; во 2007 година стана прва девојка со искачена М13 микс насока; првенствени WI6+ искачувања; многу 8а насоки, а достигната и 8b...

Повеќе информации на нејзината веб страна: http://www.ines-papert.de

Share

Големиот кинески ѕид

-23.10.2011г.

Трошка утеха

Минатата година Инес Паперт, Волфганг Русегер и Томас Зенф се обидоа да ја искачат планината Кизил Аскер (5842м) во Киргистан. Поради лоши временски услови тимот беше принуден да се симне по достигнати 5600м, а Инес тогаш кажа: „Едвај ја чекам следната година...“ (потсетете се овде >>>)

„Следната година“ дојде и Инес повторно таму скоро во ист тим, при што наместо Томас сега во тимот беше Чарли Фрицер. Овој пат по достигнати 5300мнв, поради знаци на висинска болест кај Чарли, тимот се симнал во базниот камп, при што Инес не успеала по потребниот одмор да ги убеди за повторен обид. Наместо тоа, сепак заедно со Волфганф таа влегла во соседната карпа – т.н. „Големиот кинески ѕид“.

Така се случи „Quantum of Solace“ (600м, ABO, WI 7+, M7) – „Трошка утеха“. Насоката можеби е утешна, но судејќи според оцените на техничките тежини таа не била воопшто наивна... Инаку стартот на насоката е на околу 4500мнв, а крајот на околу 5100мнв.

Карпата „Големиот кинески ѕид“ е на границата помеѓу Киргистан и Кина и е долга околу еден километар со постојана експонираност. Паперт вели дека можноста за нови насоки таму е скоро бескрајна.

Што се однесува до „Трошката утеха“, Инес вели дека насоката е качена во добар стил – без поставување на ниту еден експанзионен клин, а со Волфганг при качувањето за обезбедување во карпа користеле еден сет френдови и сет и пол чокови , а за обезбедување во мраз често имале проблем со квалитетот на мразот и снегот... Оставиле опрема само при абзелувањето – по некој алпинистички клин, чокови и гуртни за абалаковиот систем.

Овој пат по овој обид за искачување на Кизил Аксер, Инес вели дека сé уште ќе ја носи фотографијата на оваа планина во својот новчаник, но по толку време поминато на нејзе, дека следен обид не би направиле во следните 2 години. „Имам многу други идеи на кои треба да работам“ – додава таа...

Друго од Инес:

- Иднината е во микс качувањето во чист стил;

- Обид на Кизил Аскер Октомври//2010г.;

- Посета на Шкотска - 2011г;

- „Трошка утеха“ и Кизил Аскер-септември/2011г.

 

Copyright © Alpinizam.org