Силвиа Видал е родена во 1970г. во Барселона, а почнува да качува во 1994г. Еве дел од нејзините искачувања (до моментот на објавување на овој текст):
1997
Ел Капитен, Јосемити (САД)
Трето искачување на „Reticent Wall” (А5) - без фиксни јажиња
1998
-Пику Уриелу-наранјо де Булнес (2519м) (Шпанија)
Нова насока, зимско искачување „Tramuntana” (А4+/7а+),
-Каракорам – Брак Занг (Пакистан)
Нова насока „Ganyips” (540м, А3/6а) заедно со Пеп Масип,
-Доломити (Италија)
„Vinatzer-Castiglioni” и „Messner” (1000м, MD+) на Мармолада (3309м)
1999
-Маин де Фатма, Мали (Африка)
Нова насока „Veus Del Desert” (415м, А4+/6b+), без фиксни јажиња, со Пеп Масип,
-Каракорам, Амин Брак (Пакистан)
Нова насока „Sol Solet” (1650m, A5/6c+, 60 степени). Поминати 32 дена на карпата и 5 фиксирани должини; со Мигел Пидомене и Пеп Масип; номинирани за „Златен цепин 1999“
2000
Ел Капитен, Јосемити (САД)
Соло без фиксни јажиња со 9 биваци – „Wyoming Sheep Ranch” (А4)
2001
-Турнведер, Островот Бафин (Канада)
Нова насока „Sangtrait“ (1155м, А4/6b+/60 степени) со 14 биваци; со Франк Ван Херевеге,
-Вигнемал, Пиринеите (Франција)
„Arlaud-Souriac” (600м, 80 степени мраз, V карпа)
2002
Фицрој, Патагонија (Аргентина)
„Franco-Argentina” (VI+/A2). Обид на „Brecha de los Italianos”
2003
Екос, Монтсерат (Каталонија)
Прво повторување на „Silenci” (175м, А5/6b+), во четири дена
2004
Невидената Кула, Идниски Хималаи
Нова насока „Mai Blau” (A3+/6b/70степени/890м), со Елои Каладо; 13 дена на карпата со фиксирани двете први должини
2005
Касл Пик (5000м) (Индија)
Соло нова насока „7 d’Espases” (A4/V+ 480м), 12 дена на карпата и фиксирани првите 70 метри
2006
Наранјо де Булнес Пику Уриелу (Шпанија)
„Suenos de invierno” (A4+) – едно од најмитските технички насоки во Шапнија. Ги води сите насоки, качува со Оскар Качо
2007
Шиптон кулата (Пакистан):
Соло нова насока „Life is Lilac” (A4+/ 6a, 870 метри), 21 ден на карпата и фиксирани првите 200 метри |
Силвиа Видал
„ Во маглата“ на Северниот Врв на Хуаскаран (Август/2008г.)
За Каталонката Силвиа Видал скоро секоја година слушавме за многу сериозни искачувања и немаме оправдување зошто до сега не успевавме да ви ја претставиме. Таа е експерт во качување на технички насоки и еве што е последно од нејзиниот репертоар:
Во средината на Август 2008г. заедно со Швајцарецот Јури Капис успеаја да стигнат на 500 метри од врвот на Северниот Врв на Хуаскаран (6655м) во Кордилерите во Перу – качувајќи по источната страна на планината. Тие поминале 18 дена на карпата и ја искачиле 970-метри високата насока „Entre Boires” (5.10c, A3, 80 степени). Видал известува дека качувањето се одвивало во тешки услови – магла (името на насоката е „Во маглата“), снег, опасност од лавини во пристапот, голем студ кој предизвикал мали проблеми со нивните раце, нозе и носови.
Треба да се спомене дека Капис е почетник, кој само што почнал да качува со цепини и да користи јумари, но додека Видал солирала тој ја играл својата многу важна улога: влечење на опремата нагоре, чистење на должините од поставена опрема и секако правејќи и друштво на огромниот ѕид. Насоката поминува низ три карактеристични делови: прво по превисен терен (со тавани), потоа снег и мраз со стрмнина од 80 степени, а како за крај екстремно експонирана карпа со различен квалитет.
Симнувањето по таков терен секако било многу тешко и тие абзелувале два и пол дена. Видал верува дека ова е прво искачување по оваа страна на планината што секако и покрај не стигнувањето до врвот е многу вредно спортско достигнување.
Силвиа е долго на оваа сцена и специјалитет и се соло техничките искачувања. За себе вели дека продолжува да качува бидејќи ги сака планините, пејзажите, партнерите, патувањето, непознатото во експедициите.
„Стравот е најтешко нешто со што треба да се справиш бидејќи е толку универзален. Тој доаѓа од сомнежот, нервозата, осаменоста, премореноста... Се обидувам да ги прифатам сите овие работи, но за среќа скоро секогаш имам позитивни чувства инаку не би издржала...“
Запрашана како успева да го надмине тој страв во моментите кога е заглавена во својот висечки шатор поради невреме таа одговара: „Со мотивацијата“, а нејзиниот совет до младите алпинисти е: „Секогаш обидувајте се да го правите тоа што го чувствувате.“
Авантурата наречена „Животот е виолетов“
- Кулата Шиптон (Јули/ 2007г.)
Кога пристигнав во базниот камп на Шиптон сé уште немав идеа што ќе качувам. Имав две опции: да ја повторам насоката „Baltese Falcon“ или да почнам нешто ново на северо-источниот столб сé до „Ship of fools”. Се определив за втората опција бидејќи качувајќи сама тоа некако ми изгледаше како подобра и побезбедна за влечење на опремата.
Во Пакистан стигнав со тројца пријатели кои сакаат да качат нова насока десно од „Балтешки орел“, но еден од нив бил погоден од камен и решиле да се вратат дома. Тоа го дознав после моите 21 ден поминати на карпата, откако се вратив во базниот камп каде ме пречекаа готвачот, водачот и една порака и цртеж од пријателите. Бидејќи немав телефон или радиостаница со мене, тие немаа начин да ме известат дека заминуваат порано.
Кога пристигнавме во базниот камп заедно со пет носачи отидовме до највисоката точка која можевме да ја достигнеме без дерези и тука го поставивме мојот камп од каде во наредните осум дена ја носев целата и многу тешка опрема до под карпа и фиксирав јаже во должина од 200метри.
По еден ден одмор, со два големи ранци за влечење стигнав до третото сидриште каде го поставив мојот прв бивак. Од тогаш поминав 21 ден на карпата од кои врнеше снег во 12 дена. Тоа значи дека качував секој ден најмногу што можев, сé додека рацете и главата не ме принудеа да застанам. Поминав многу саати во мојот висечки шатор за време на деновите кога времето беше многу лошо и се обидував да замислам каква боја има животот и во тие моменти ми беше виолетов. Така дојде и името на насоката: „Животот е виолетов“. Зошто да не?
Абзелувањето беше многу тешко поради тешките ранци за влечење. Исто така имаше и некои пречки каде не можев да ги извлечам до следното сидриште. Јас имам само 47 килограми, а можеби и нешто помалку за време на качувањето.
Опремата: два огромни А5 ранци за влечење полни со опрема за качување, 50кг храна и вода, 280 метри фиксно јаже, динамичко јаже за водење и едно за влечење на опремата...
Живеев на ѕидот од 10-ти до 30-ти Јули, излезот е на околу 5300м, а 870-те метри од насоката се оценети како А4+, 6а.
|
|
На оваа тема:
- Виленско коњче;
- Хуаскаран и Шиптон;
- Науфраги
„Во техничкото качување на многу големи карпи работите се поинакви бидејќи не се работи само за сила. Се работи и за издржливост, капацитет за страдање, имагинација, искуство...“
- Силвиа Видал
На Хуаскаран
На Шиптон
Од архивите на Видал |