Силвиа Видал е родена во 1970г. во Барселона, а почнува да качува во 1994г. Еве дел од нејзините искачувања (до моментот на објавување на овој текст):

1997
Ел Капитен, Јосемити (САД)
Трето искачување на „Reticent Wall” (А5) - без фиксни јажиња

1998
-Пику Уриелу-наранјо де Булнес (2519м) (Шпанија)
Нова насока,  зимско искачување „Tramuntana” (А4+/7а+),

-Каракорам – Брак Занг (Пакистан)
Нова насока „Ganyips” (540м, А3/6а) заедно со Пеп Масип,

-Доломити (Италија)
„Vinatzer-Castiglioni” и „Messner” (1000м, MD+) на Мармолада (3309м)

1999
-Маин де Фатма, Мали (Африка)
Нова насока „Veus Del Desert” (415м, А4+/6b+), без фиксни јажиња, со Пеп Масип,

-Каракорам, Амин Брак (Пакистан)
Нова насока „Sol Solet” (1650m, A5/6c+, 60 степени). Поминати 32 дена на карпата и 5 фиксирани должини; со Мигел Пидомене и Пеп Масип; номинирани за „Златен цепин 1999“

2000
Ел Капитен, Јосемити (САД)
Соло без фиксни јажиња со 9 биваци – „Wyoming Sheep Ranch” (А4)

2001
-Турнведер, Островот Бафин (Канада)
Нова насока „Sangtrait“ (1155м, А4/6b+/60 степени) со 14 биваци; со Франк Ван Херевеге,

-Вигнемал, Пиринеите (Франција)
„Arlaud-Souriac” (600м, 80 степени мраз, V карпа)

2002
Фицрој, Патагонија (Аргентина)
„Franco-Argentina” (VI+/A2). Обид на „Brecha de los Italianos”

2003
Екос, Монтсерат (Каталонија)
Прво повторување на „Silenci” (175м, А5/6b+), во четири дена

2004
Невидената Кула, Идниски Хималаи
Нова насока „Mai Blau” (A3+/6b/70степени/890м), со Елои Каладо; 13 дена на карпата со фиксирани двете први должини

2005
Касл Пик (5000м) (Индија)
Соло нова насока „7 d’Espases” (A4/V+ 480м), 12 дена на карпата и фиксирани првите 70 метри

2006
Наранјо де Булнес Пику Уриелу (Шпанија)
„Suenos de invierno” (A4+) – едно од најмитските технички насоки во Шапнија. Ги води сите насоки, качува со Оскар Качо

2007
Шиптон кулата (Пакистан):

Соло нова насока „Life is Lilac” (A4+/ 6a, 870 метри), 21 ден на карпата и фиксирани првите 200 метри

2008

Северен врв на Хуаскаран - нова насока: „Во магла“ (5.10с, А3)

Share

Силвиа Видал

-18.11.2010г.

Науфраги

Ова лето (од 15-ти Август до 8-ми Септември) Силвиа Видал заврши ново големо соло искачување. Всушност читајќи за нејзе изминативе години, секогаш кога ќе се спомене нејзиното име само таа слика ја имаме – како качува сама на некоја голема карпа во период од неколку дена...

Каталонката овој пат беше во Индија каде во регионот Кинаур Кајлаш, во период од 25 дена ја искачи 1050 метри високата „Науфраги“ оценувајќи ја А4+/6а+. Информациите за карпата биле оскудни и таа поседувала само една фотографија и координати. Следејќи ги нив и покажувајќи ја фотографијата на локалното население – ја „открила“ карпата на јужната страна на Ралданг (5499м). Таму со помош на носачи го поставила базниот камп на 3800мнв. Во базниот камп поради обилни врнежи останала седум дена и никогаш не ја видела карпата карпата, а до подножјето и биле потребни уште два дена.  

Напредниот базен камп го поставила на 4430мнв, при што тој бил на висечка полица поради тоа што никаде наоколу немало рамен терен.

Од аспект на техничката тежина таа вели: „Техничките тежини А4 и А4+ беа обезбедени од релјефот кој го нудеше карпата, но на некои делови, каде не постоеше линија за екстремно техничко качување, борејќи се со моите принципи, од десетата должина нагоре, почнав да бушам дупки за да можам технички да качувам користејќи ги куките по мазната карпа. Не го направив ова за да ја зголемам техничката тежина – туку поради тоа што нема да можеше да продолжам нагоре. Тоа беше цената која морав да ја платам во оваа експедиција во која не знаев ништо претходно за областа и за карпата...“

Условите биле тешки - во вкупниот период од месец и пол кој го поминала околу и на планината, секој ден врнело, а во некој од локалните весници пишувало дека во споредба со други години, во тој период, оваа година паднало 156% повеќе дожд од вообичаено. Видал во еден момент додека се качувала со јумар ја изгубила свеста, а во друг пак почнала и да се симнува по некоја должина – со цел да се откаже од насоката... Таа како и секогаш до сега - со себе не носела никакво средство за комуникација со остатокот од светот – да се јави во случај на незгода, потреба од помош, совет, охрабрување...

Еве што вели Видал: „Еден ден додека качував со јумарот, изгубив свест поради хипотермија и голема влажност во воздухот. Исто така имав поделено оброци за 18 дена, а останав 25. Овие работи, а и лошата логистика беа причина поради која на неколку пати ми дојде мислата да се откажам. Во еден момент почнав и да се симнував по една должина, но тогаш видов дека не сакам да ја напуштам карпата. Бев премногу мотивирана за да се откажам и покрај ужасното време и тешката работа. Секогаш мислев дека времето ќе се смени, но тоа не се случи...“

На оваа тема:

- Виленско коњче;

- Хуаскаран и Шиптон;

- Науфраги;

-Оцени во техничкото качување

 

„Во техничкото качување на многу големи карпи работите се поинакви бидејќи не се работи само за сила. Се работи и за издржливост, капацитет за страдање, имагинација, искуство...“

- Силвиа Видал

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Copyright © Alpinizam.org