Силвиа Видал е родена во 1970г. во Барселона, а почнува да качува во 1994г. Еве дел од нејзините искачувања

1997
Ел Капитен, Јосемити (САД)
Трето искачување на „Reticent Wall” (А5) - без фиксни јажиња

1998
-Пику Уриелу-наранјо де Булнес (2519м) (Шпанија)
Нова насока,  зимско искачување „Tramuntana” (А4+/7а+),

-Каракорам – Брак Занг (Пакистан)
Нова насока „Ganyips” (540м, А3/6а) заедно со Пеп Масип,

-Доломити (Италија)
„Vinatzer-Castiglioni” и „Messner” (1000м, MD+) на Мармолада (3309м)

1999
-Маин де Фатма, Мали (Африка)
Нова насока „Veus Del Desert” (415м, А4+/6b+), без фиксни јажиња, со Пеп Масип,

-Каракорам, Амин Брак (Пакистан)
Нова насока „Sol Solet” (1650m, A5/6c+, 60 степени). Поминати 32 дена на карпата и 5 фиксирани должини; со Мигел Пидомене и Пеп Масип; номинирани за „Златен цепин 1999“

2000
Ел Капитен, Јосемити (САД)
Соло без фиксни јажиња со 9 биваци – „Wyoming Sheep Ranch” (А4)

2001
-Турнведер, Островот Бафин (Канада)
Нова насока „Sangtrait“ (1155м, А4/6b+/60 степени) со 14 биваци; со Франк Ван Херевеге,

-Вигнемал, Пиринеите (Франција)
„Arlaud-Souriac” (600м, 80 степени мраз, V карпа)

2002
Фицрој, Патагонија (Аргентина)
„Franco-Argentina” (VI+/A2). Обид на „Brecha de los Italianos”

2003
Екос, Монтсерат (Каталонија)
Прво повторување на „Silenci” (175м, А5/6b+), во четири дена

2004
Невидената Кула, Идниски Хималаи
Нова насока „Mai Blau” (A3+/6b/70степени/890м), со Елои Каладо; 13 дена на карпата со фиксирани двете први должини

2005
Касл Пик (5000м) (Индија)
Соло нова насока „7 d’Espases” (A4/V+ 480м), 12 дена на карпата и фиксирани првите 70 метри

2006
Наранјо де Булнес Пику Уриелу (Шпанија)
„Suenos de invierno” (A4+) – едно од најмитските технички насоки во Шапнија. Ги води сите насоки, качува со Оскар Качо

2007
Шиптон кулата (Пакистан):

Соло нова насока „Life is Lilac” (A4+/ 6a, 870 метри), 21 ден на карпата и фиксирани првите 200 метри

2008
Северен врв на Хуаскаран - нова насока: „Во магла“ (5.10с, А3)

Share

Виленско коњче

-13.04.2012г

Нова соло авантура на Силвиа Видал

Каталонката во периодот февруари-март, во Патагонија искачи нова насока. Основни податоци: именувана е „Espiadimonis“ (што значи „виленско коњче“ на каталонскиот јазик) и има тежини A4, 6b.

Насоката е на карпа која е висока 1300 метри во вертикала и дополнителни, полесни 200 метри до врвот кои се со тежина не поголема од IV+.

Силвиа ги фиксирала првите 350 метри од карпата и поминала 32 дена на нејзе во качување, а потоа 3 дена во абзелување (симнување). Од тие 32 дена на карпата, 16 дена поради лоши временски услови ги поминала засолнета во својот висечки шатор.  

За пристапот до оваа карпа, таа требала да помине низ густа шума и да премине неколку диви реки и езеро (од кое почнува карпата како што може да се види на фотката десно) за што користела чамец на пумпање. При пристапот била помогната од двајца други качувачи и до под карпата однеле на два пати товар од по 25 килограми. За враќање - самата го вратила целиот товар во пет наврати.

Таа поминала скоро два месеца целосно осамена во оваа област, а од аспект на услови за качување, таа вели дека често врнело, при што на карпата буквално се создавале водопади (погледнете го видеото најдолу) и тоа било причина зошто и качувањето се одолговлекувало во неколку наврати (како што беше погоре споменато – скоро половина од времето поминато на карпата, го поминала засолнета во шатор). Како и секогаш до сега, таа во оваа своја авантура заминала без никакви средства за комуникација.

Покрај проблемите при качувањето (технички тежини и временски услови), таа не поминала лесно ни при абзелувањето. Имено, во неколку наврати поради заплеткување на јажето на карпата, таа била принудена да отсекува делови од него...

Во секој случај повторно Силвиа Видал покажува дека е еден од најголемите соло авантуристи во качувањето и ако дојдеме до некоја дополнителна информација во однос на ова качување, веднаш ќе ја објавиме...


А еве кога сме кај водопадите кои се создале на карпата во тие дождливи денови:
 

На оваа тема:

- Виленско коњче;

- Хуаскаран и Шиптон;

- Науфраги

 

„Во техничкото качување на многу големи карпи работите се поинакви бидејќи не се работи само за сила. Се работи и за издржливост, капацитет за страдање, имагинација, искуство...“

- Силвиа Видал


Од архивите на Силвиа:

На Хуаскаран

 

На Шиптон

 

 

 

Copyright © Alpinizam.org