Други системи:

- 1968г.: УИАА системот;

- Вовед во „Оцени“,

- Болдеринг,

- Качување на мраз,

- Техничко качување,

- Оцените во В. Британија и Ирска

Share

Оцени во техничкото качување

Техничкото качување претставува начин на качување кога за напредување се користат поставените точки за обезбедување.

Независно дали е тоа е„чисто“ или не (како што е објаснето подолу), тоа значи влечење по закованите клинови, поставените гуртни, замки, скалички, чокови, френдови...

Етичко или не - техничкото качување може да биде и екстремно опасно со можност за пад и од 100-тина метри.

Системот на оценување во техничкото качување се разликува од системот на оценување во слободното качување по тоа што тој е затворен, а не отворен во горните граници како УИАА системот на пример.
Оцената на техничките насоки всушност ја означува тежината на поставување на точка за обезбедување и нејзиниот квалитет – издржливост.

Скалата на тежини оди од А0 до А5 или од С0 до С5. Користењето на буквата „А“ значи користење на сите расположливи средства: клинови (алпинистички и експанзиони), чокови, френдови... Користењето пак на буквата „С“ значи користење само на опрема која не ја оштетува карпата и која не останува во неа т.е. се поставува од првиот, а се вади од вториот алпинист во наврската. Тоа значи никако употреба на кладиво и било какви клинови, туку само чокови. „С“ е првата буква од англискиот збор „Clean” – што значи „Чисто“ качување.

Еве како се опишани оцените:

А0 (или С0) – влечење по веќе поставени точки за обезбедување, без потреба од скалички. Во светот уште познато и како „Француско слободно качување“ – на пример влечење или стапнување во гуртни и замки...
А1 (С1) – Обезбедувањето се поставува лесно и сите точки можат да задржат било каков пад. Можна потреба од користење на скалички и должините се качуваат од еден до два часа...
А2 (С2) – Точките за обезбедување се доволно безбедни, но можеби малку тешки за поставување. Може да има 1-2 последователни лоши (не доволно  безбедни) точки за обезбедување. Можност за пад од 2-10 метри и секоја должина се качува од 1 до 3 часа.
А2+ (С2+) – Исто како А2(С2) само со повеќе несигурни точки, но без можност за сериозна повреда
А3 (С3) -  Тешко техничко качување со 3-5 последователни не доволно безбедни точки за обезбедување. Можност за пад од 10-15 метри, но без можност за сериозна повреда или пад до земја. Секоја точка треба активно да се проверува и секоја должина се качува 2-3 часа.
А3+ (С3+) – Исто како А3 (С3) само со можност за сериозна повреда при пад.
А4 (С4) – Сериозно техничко качување со можност за пад од 20-30 метри со лоши последици. Качување со последователни 6-8 не доволно безбедни точки и повеќето должини се качуваат повеќе од 3 часа.
А4+ (С4+) – Посериозно од А4 (С4) со повеќе време потребно за една должина и зголемена опасност
А5 (С5) – Екстремно техничко качување. Повеќе од 9 не доволно безбедни поставени точки - кои издржуваат само тежина на тело. Можност за пад од 30-100 метри (од врвот/крајот на таа должина). Повеќето вакви должини се качуваат и повеќе од 4 часа.
А5+/А6 (С5+/С6) – Теоретска оцена. Тоа значи дека ниту сидриштата не се сигурни и во случај на пад – се оди до долу...

Во најновите оцени се додаваат и буквите „F“ и „R“. „F“ се става позади „С“ и значи дел од должина во кој може да има потреба да се користи кладиво. Во 95% од случаите може да нема потреба, но сепак се предлага да се земе кладиво (и клинови) при качувањето. „R“ се користи како предупредување за пад при кој може да се падне на некоја полица, алпинистот лошо да се заниша кон некој столб или дека јажето ќе се трие од некој остар раб...

Во текстот се споменуваат „не доволно безбедни точки“. Тоа се точки кои може да ја издржат само тежината на алпинистот, но не и неговиот пад. Тие се безбедни за влечење и напредување нагоре, но не и за издржување на поголем (или било каков) пад. Како ќе определите која е „безбедна“, а која „не безбедна точка“. Поставете си го прашањето: „Дали би ја искористил за сидриште оваа точка?“ и ако одговорот е „Не!“ тогаш веројатно тоа е „не доволно безбедна точка“...

Оцените во техничкото качување се менуваат поради напредување на техниката на качување на алпинистите, но и опремата. На пример оцена која била А4 пред неколку години денес може да се помине како С1 или качување кое било А5 да стане А2 или А3...

Во старите системи при опишување на техичките должини понекогаш може да се види додадена мала буква „е“, а тоа значи дека се користени експанзиони клинови. На пример „А3е“...

А еве и едно интересно размислување за оценувањето во овој начин на качување, но и за самото техничко качување:

 
Copyright © Alpinizam.org