Други системи:
- 1968г.: УИАА системот;
- Вовед во „Оцени“
- Болдеринг,
- Качување на мраз,
- Техничко качување,
- Оцените во В. Британија и Ирска |
Оцени на техничките тежини
Скоро невозможно е со бројка да му се објасни на некој кој никогаш не качувал, колку некоја насока е тешка. Треба да се искачи најмалку една насока, па во споредба со нејзе да се добие претстава за другите оцени.
Оцените на алпинистичките насоки се пишуваат веднаш до името и се користат разни системи. Ви ја прикажуваме споредбената табела на УИАА за дел од различните системи за оценување на тежините на насоките.
Во Македонија за алпинистичките насоки го користиме УИАА системот за оценување на тежините. |
Важно е да се спомене тоа дека овие системи се отворени, т.е. со постојаното подобрување на техниката на качување, се очекува секогаш да има нешто потешко од најтешкото качено до овој момент...
Алпски систем:
Во Алпите се користи еден општ систем за оценување - IFAS. Тој е описен начин на оценување и ја означува сериозноста на насоката земајќи ги во предвид факторите како должина, објективна опасност, височина, симнување, техничка тежина од аспект на теренот... Се користат првите букви од француските зборови, а на нив за подобро дефинирање се додаваат знаците „+“ или „-“ или се пишува „sup“(повеќе) ili „inf“(помалку):
F- леснo,
PD - малку тешко,
AD - „тешкичко“,
D - тешко,
TD - многу тешко,
ED - екстремно тешко,
ABO - „невозможно“ тешко |
|