Други системи:
- 1968г.: УИАА системот;
- Вовед во „Оцени“,
- Болдеринг,
- Качување на мраз,
- Техничко качување,
- Оцените во В. Британија и Ирска |
Оцени на болдеринг проблемите
Болдерингот претставува качување на ниски карпи - кога качувачот е релативно блиску до земјата.
Порано алпинистите тоа го работеле само како тренинг и забава за време на дождливите денови кога големите насоки не биле многу пријатни за качување - качувајќи во своите зимски (робусни) чевли.
Сепак оваа активност со тек на време станува многу популарна и денес постојат качувачи кои скоро и само тоа го работат, а исто така постојат и посебни натпревари... |
Првата скала за претставување на тежините на болдер проблемите ја составува Џон Гил. Тој воведува едноставна „В“ - скала и еве како ги опишувал тежините:
В1: потребни се движења со висока техника - движења кои би биле оценети како VIII или IX по УИАА скалата;
В2: Движења кои ги допираат границите - највисоките технички тежини во качувањето на карпа (X по УИАА скалата во 1996 година);
В3: Успешно В2 качување кое не е повторено. Во моментот кога тоа ќе биде повторено автоматски добива оцена В2.
UIAA |
V - скала |
VI- |
V0- |
VI |
V0 |
VI+/VII- |
V0+ |
VII |
V1 |
VII+/VIII- |
V2 |
VIII-/VIII |
V3 |
VIII |
V4 |
VIII/VIII+ |
V5 |
VIII+/IX- |
V6 |
IX |
V7 |
IX/IX+ |
V8 |
IX+/X- |
V9 |
X |
V10 |
X+
|
V11
|
V - скалата
Џон Шерман ја создава денес користената V-скала која на болдер проблемите им дава фиксни оцени, за разлика од скалата на Џон Гил која беше менлива. Како што се гледа во табелата лево, оваа скала започнува со оцена „V0-“ која е еднаква на VI- по УИАА скалата и продолжува нагоре... И двете скали не ги земаат во обзир последиците кои би настанале при пад на тврда или нерамна земја под карпата.
И повторно:
Прва забелешка е дека овие системи имаат и уште поголеми оцени, но табелава ќе се издолжеше надолу...
Втора забелешка е дека овие системи се отворени, т.е.може да се очекува некој качувач да качи потешко и од најтешкото во моментов и затоа не завршуваат со некоја „најтешка оцена“...
|
Болдеринг најчесто работиме на карпата која се наоѓа на врвот на Водно и тоа е убав тренинг комбиниран со искачувањето на Водно. Можности за болдеринг има на Матка, а нешто што ни остави голем впечаток беше околината на Прилеп каде имаше „мал милион“ можности за ваква забава... Погледнете видео од посетата на словенечки качувачи на овие карпи овде >>>> |
|