Други системи:

- 1968г.: УИАА системот;

- Вовед во „Оцени“,

- Болдеринг,

- Качување на мраз,

- Техничко качување,

- Оцените во В. Британија и Ирска

Share

Оцените во Британија и Ирска

Оценувањето на насоките во Англија, Шкотска, Велс и Ирска се прави со комбинација на две оцени – една која е кратенка од збор (која е описна оцена на насоката) и една која е техничка оцена (која личи на францускиот систем, но не е...)

Качувањето на насоките (и долги и кратки) во овие земји се прави исклучително на т.н. традиционален начин. Тоа значи искачувањето се прави со поставување на сопствено обезбедување и тоа со користење само на френдови и чокови... За почит!!!

***За фотографијата лево има објаснување најдолу во текстот...

УИАА Британски (описни)

Британски (технички)

IV S
IV+ HS 4b
V/V- VS 4c
V+/VI- HVS 5a

VI/VI+

E1 5b
VII- E2 5c
VII/VII+ E3 5с/6a
VIII-/VIII E4 6a
VIII+/IX- E5 6b
IX E6 6b/6c
... ... ...
Забелешка за споредбите: како што е споменато и во текстот - овие скали имаат и поголеми оцени, а исто така и се „отворени“ т.е. се очекува секогаш да има нешто потешко од најтешкото качено до овој момент...

Кратенки – описни оцени
Описните оцени ја прикажуваат сериозноста, постојаноста на техничката тежина, експонираноста, квалитетот на карпата и слично и тоа е отворен систем кој започнува со оцената „Е“ (лесно) – што скоро и да не е качување, а завршува во овој момент со оцената „Е11“ – нешто што скоро и никој во овој момент не може да го качи - добро де, еве знаеме тројца барем...

Кратенките всушност се првите букви од англиските зборови E(easy - лесно), D(difficult - тешко), S(severe - опасно), VS (very severe - многу опасно) итн...

Од Е (лесно) насоките нагоре (кон поголема тежина) одат вака: М (средно), D (тешко), HD (сериозно тешко), VD (многу тешко), HVD (сериозно многу тешко), S (опасно), HS (сериозно опасно), VS (многу опасно), HVS (сериозно многу опасно), Екстремно опасно – кое започнува со ознака Е1, а во моментов завршува со Е11...

Техничко оценување
Оваа оцена се додава со цел да се означи најтешкиот дел од насоката – најтешкото движење и започнува со 4а, а во моментов завршува со 7b. Исто и ова е отворена скала што значи се чека на уште поголеми тежини во иднина.

Комбинирање на оцените
Кратенките (описните оцени) и теничките оцени се комбинираат на овој начин – на пример Е1, 5b. Обично овие оцени се надополнуваат во својата тежина. На пример S, 4a или HVS, 5a или Е2, 5с.... Сепак има случаи и кога се работи за сериозна ситуација во некоја насока, а движењата во насоката да бидат лесни – на пример насока оценета со „VS, 4a“ – тоа може да значи на пример лесни движења, но слаба можност за обезбедување...

*** - Објаснување за фотографијата горе: На нејзе е прикажан шкотскиот алпинист Дејв Меклауд кој е сниман како ја искачува најтешката насока до овој момент во Британија - „Рапсодија“ оценета како E11, 7a во 2006г. Насоката ја повтори прво Канаѓанецот Сони Тротер, а една недела по него и Англичанецот Стив Меклур - оваа година (2008г). Искачувањето е екстремно тешко до самиот крај - до последниот потег кој ако не се изведе како што треба следува пад од 20-тина метри на микро чокче... За ова искачување е снимен инспиративниот филм „Е11“ - фантастичен филм кој нé потсети да го напишеме овој текст и да ги претставиме системите за оценување во Британија и Ирска. Прочитајте: Интерјву со Дејв Меклауд овде >>>>

 
Copyright © Alpinizam.org