На оваа тема:
- Описи на К1, К2, К3 и К4,
- На К1 (V),
- На К3 (VI+, МиниМун :))
- Обид на К4 (VI+) |
К1, К2, К3, К4 - на Матка
- 07.11.2008г., Игор Т.
Уште при моето прво доаѓање на Матка веднаш ја приметив карактеристичната карпа со пукнатините која се гледа од селото Долна Матка. При секое доаѓање и заминување од Матка, секогаш упатував краток поглед кон овој заб на кој само имав слушнато дека има насоки на него. Имињата беа провокативни - К1, К2... Линиите по кои тие се движат исто така беа очигледни (претпоставувавме дека се следат пукнатините нели...), но никогаш немав конкретни информации која - каде оди. Од тогаш па до сега во оваа карпа имам влезено само еднаш: на 28-ми Март 2004 година со Сашко Мирчевски ја искачивме најлевата пукнатина. Не знаевме која насока ја качуваме (како е нејзиното име) и со каква техничка тежина е истата, но повеќе не можевме да издржиме, а да не качуваме во неа...
Благодарение на Јован Попоски (со кого бевме на Матка на 7-ми Ноември 2008г.) добив многу поконкретни информации за насоките, па се надевам дека со нивно презентирање, сите ние ќе добиеме поголема инспирација да ги повторуваме и да престанеме со нивното игнорирање.
Јове ми кажа дека насоките К1, К2 и К3 се искачени од него во периодот 1968-1969 година и тоа на само 4-5 години од неговиот почеток во алпинизмот. К4 насоката пак е искачена во 1982 година... Да ги погледнеме прво насоките на фотографијата, а под неа има и детали во однос на нив:
Левата линија е насоката „К3“, а десната “К2“
Насоката „К3“ е искачена во соло стил од страна на Јован Попоски, а „К2“ е искачена во три наврати (како што е прикажана на фотографијата горе со жолтите точки). Јован Попоски учествува во искачувањето на целата насока, а при тоа првиот дел (долниот) го качува со Петар Рибаревски - Роко, вториот (средниот) со Ѓорѓи Поп-Николов - Чабаско и третиот (горниот) со Цветан Павловски - Цвеле.
Жолтата линија е насоката „К2“, црвената „К1“, а сината „К4“
Во белиот круг на оваа фотографија е делот каде се наоѓа насоката „Димева насока“ (прочитајте детали за неа овде >>>)
Насоката „К1“ Јован Попоски ја започнал со Јован Ангелов - Циго, а ја завршил со Љупчо Ристевски - Пунти, а насоката „К4“ е искачена од страна на словенечкиот алпинист Павле Козјек (кој во тој период го служел воениот рок во Скопје), заедно со македонскиот алпинист Панче Ѓорѓиевски - Панта.
Сега знам дека со Сашко сум бил на К3. На ред се другите... |