Други локалитети:

- Долги алпинистички насоки;

- Качување на мразеви;

- Спортско качување

 

Наши искачувања во Црна Гора:

- Жијево 2011г.

 

Share

Локалитети во Црна Гора

-24.03.2008г.

Outdoor Club Podgorica нé поканува во Црна Гора. Совршени локалитети за практикување на нашите алпинистички активности во текот на целата година. Овде ви претставуваме само многу мал дел - чисто да ве инспирираме. Повеќе информации - фантастични фотографии и описи можете да најдете на нивната веб страна www.montenegroclimbing.net

Долги алпинистички насоки

Бољски греди – долина Комарница (јужен дел на масивот Дурмитор)

Бољски греди претставуваат планински гребен кој започнува во широкиот Добри Дол и продолжуваат кон југ постепено намалувајќи се во висина. Северните делови на гребенот се највисоки и тука е и највисоката точка – врвот Бољ (2066м).

На местото каде Добри Дол е најнизок и каде започнува Комарница – започнува импозантна карпеста бариера која надвиснува над Комарница сé до нејзиниот крај. Долината Комарница е најјужна долина на дурмиторскиот масив во близина на градот Шавник. Југозападната карпа е најдолга карпа во дурмиторскиот масив.

Карпите се високи 500-700м и се протегаат во должина од скоро 3,5 км! Целата бариера може да се подели во неколку делови. Северниот дел е релативно понизок, но поекспониран и сé до изразените кули каде карпата е највисока.

Најблизок пристап до долината Комарница е од правец на Никшич. Преку Шавник каде после неколку километри треба да се сврти за селото Комарница, се продолжува низ долината и селото сé до крајот на макадамскиот пат. Од овде по шумска патека за околу 1,5 час се стигнува до ливада која се наоѓа под највисокиот дел од карпата. Постои и пристап преку Добри Дол до кој може да се стигне со автомобил – во лето секако. Од таму по патека по која за околу 1,5 час се стигнува до долината.

Карпите на Бољски греди после Проклетие се најголем алпинистички потенцијал на Црна Гора. До сега се регистрирани овие насоки:

  1. Klekovača, III/IV/V, 700m, Радослав Милојевиќ и Душан Радунковиќ
  2. Pukli smo, III/IV/V, 300m, Радослав Милојевиќ и Анџелко Цирковиќ
  3. Another day in paradise, VII, 230 m, Хелмут Гаргитер, Антон Обојеш и Махаел Талер (на фотографијата долу)

Постојат индикации дека има уште искачени насоки во пониските делови кои се во близина на селото, меѓутоа покрај сите наши напори до сега не сме успеале да дознаеме нешто повеќе.

 

Проклетие

Ова е најважна и најпопуларна алпинистичка дестинација во Црна Гора – како поради највисоките карпи кои се издигнуваат и до 1200 метри во височина, така и поради убавината на планинскиот пејзаж. Поради тие причини овој масив го превзема приматот од масивот на Дурмитор – иако историјата на качување таму е подолга од таа на Проклетие. Карпите кои се качувани овде се наоѓаат во долините Грбаје и Ропојане. Овие две долини ги разделува масивот Каранфил кој се состои од врвови од преку 2400м. Карпите на овој масив се спуштаат кон Грбаје со висина од околу 700м и према Ропојане (јужната карпа на Каранфил – највисоката во Црна Гора) со висина од 1200м.

Во Проклетие најмалку има кратки и лесни насоки. „Класиките“ на Проклетие се токму насоки кои со својата должина и техничка тежина претставуваат сериозен алпинистички предизвик.

- Aka, VI, A2, 700 m. Качен во седумдесетите години од минатиот век, своето второ искачување го дочека во 2005 година од страна на белградски алпинисти
- Greben Sjevernog vrha, V, III, 500m
- Grapa Koplja, VI A2, IV, 700m
- Direktni žljeb na južni vrh, III, 700m
- Gragor, V, IV, 700m
- Greben Prestola, V, IV-III, 700m
- Dobrih drugova, VI A0, 700m

Од насоките на Проклетие посебно внимание заслужува „Prvo Koplje“, VI+, A2, 700 m.

„Prvo Koplje“ е приказна сама за себе. Тоа е линија која со својата естетика, постојана тежина и комплексност, делови за слободно и техничко качување - претставува вистинска „big wall“ насока. Насоката е прв пат качена во 1972 година. Тогаш, Анте Бедалов и Жарко Гостовиќ во карпата поминуваат три дена. Од тогаш на неа се обидуваат да качуваат словенечки, полски, чешки и српски алпинисти – но безуспешно. Сé до 2005 година – кога наврска составена од Иван Лаковиќ (Подгорица) и  Милош Ивачковиќ (Белград) го прави првото повторување за 25 часа.

 

Од поновите насоки внимание заслужуваат насоките од 2006 година во карпите во долината Ропојане:

- Карпа „Knjiga“, насока „AOB“, VI, A2, 400m, Аничин Александар и Радослав Милојевиќ

- Карпа „Amfiteatar“, насока „ Tango“, VI, 400 m, Иван Лаковиќ и Никола Ѓуриќ

Од карпите во Ропојане внимание заслужуваат 400м високата Дјевојачка карпа во која нема искачени насоки, како и 1200м високата јужна карпа на Каранфил која се издигнува над периодичното Ропојанско езеро во која има неколку насоки искачени од словенечки алпинисти во седумдесетите години од минатиот век – кои до сега не се повторени.  

Далеку од тоа дека со ова пребројување се завршува со алпинистичкиот потенцијал на Проклетие – како црногорскиот, така и албанскиот дел. За некое посериозно претставување на комплетниот масив ќе биде потребно многу повеќе време и простор и тоа ќе бара сериозна работа на терен со собирање информации, фотографии...
 
Copyright © Alpinizam.org