Други локалитети:

- Долги алпинистички насоки;

- Качување на мразеви;

- Спортско качување

 

Наши искачувања во Црна Гора:

- Жијево 2011г.

Share

Локалитети во Црна Гора

-24.03.2008г.

Outdoor Club Podgorica нé поканува во Црна Гора. Совршени локалитети за практикување на нашите алпинистички активности во текот на целата година. Овде ви претставуваме само многу мал дел - чисто да ве инспирираме. Повеќе информации - фантастични фотографии и описи можете да најдете на нивната веб страна www.montenegroclimbing.net

Спортско качување

Локалитет Смоковац

Населбата Смоковац се наоѓа на излезот од кањонот Морача и е оддалечено од центарот на Подгорица околу 5 километри. До него се стигнува преку магистралниот пат Подгорица-Колашин. Карпите во овој реон овозможуваат најдобри можности за качување како кратки – спортски насоки, така и долги насоки со висина од 120 метри – како поради својата атрактивност, добар квалитет, така и поради близината и лесниот пристап. Сезоната почнува уште од крајот на зимата (Февруари, Март), а трае до доцната есен (Ноември, Декември). Сепак – може да се качува и во текот на целата година – но не и во најстудените зимски денови и најтоплите летни денови. За време на летните месеци, на пристапот треба да се обрати внимание на змии. Потенцијалите за качување и опремување на нови насоки се многу малку искористени. Постојат неколку сектори (блокови):

Блок Смоки – најатрактивната карпа во овој реон со насоки до 35 метри. На нејзе се наоѓаат и најголем број опремени насоки – во моментов (крај на Март 2008) околу 16. До карпата се стигнува по патот Подгорица – Колашин (на околу 5км од центарот на Подгорица). Кај првиот мост на Морача, непосредно до оградата на мостот треба да се сврти во десно на тесен асфалтиран пат каде после околу 150 метри се наоѓа ширинка за паркирање на автомобилите. Од овде треба да се вратите 50 метри назад до почетокот на маркирана патека која води до карпата. Од паркингот до карпата се потребни околу 10 минути. Најголемиот дел од карпата е ориентиран северо-западно, а нејзиниот лев дел е благо ориентиран југо-западно. Ширината на карпата е околу 250 метри и има многу можности за тешки превисни насоки. Најдобро време за качување е од рана пролет до доцна есен. Поради нејзината северозападна ориентација за време на зимските месеци карпата не ја грее сонце, освен нејзиниот југозападен дел. Во летниот период насоките се во сенка до 14 часот и качувањето е повеќе од пријатно дури и кога температурите во Подгорица стигнуваат до нивниот максимум. Насоките со жолти линии (5, 10, 11) се опремени од непознати словачки качувачи во текот на летото 2005 година и првите клинови се на 6 метри висина. На неколку места поставени се самонаправени алки за абзел и бидете внимателни на тоа. Тежините на насоките се од V до X-.

Насоки: 
1. Izvadi ruku iz dupeta, 25 m, VIII+/IX-
2. Проект
3. Проект
4. Einstunden hotel, 32 m, VIII+,IX-
5. Проект, 30 m, IX+,X- (под насоката е испишана оценка 7c+,8a)
6. V.i.P.,14 m, VII-
7. The visit of Robin and Vincent, 27 m, VII
8. Otpisani, 26 m, VIII
9. Hvala, 30 m, VII+
10. Проект
11. Projekt
12. Vudu vrač, 27 m, VIII-,VIII
13. Nemam pojma, 8 m, III
14. Good luck Ivan, 20 m, VI
15. Leptir, 20 m, VI-

16. Aj sa srećom, 20 m, V
 
Copyright © Alpinizam.org