На оваа тема:

- Гуртната на Шерман;

- Гуртна на гуртна, тестирање во БД;

- Споредба на Dyneema и најлон гуртни - тестирања во ДММ;

- Импровизација (директно поврзување на гуртна со сајла на чок)

 

Share

Гуртните во импровизација

-28.01.2012г.

Превенција од странично оптоварување на карабинерите

Понекогаш се случува при поставување на некоја точка за обезбедување (ковање клин, поставување френд или чок и слично), еден од карабинерите во комплетот (кога би се прикопчувал комплет) или единечниот карабинер (кога не би се прикопчувал комплет), да биде ставен во таква позиција да биде оптоварен странично во случај на пад/удар. Карабинерите се дизајнирани така да нивната најголема сила на издржливост е по нивната најголемата оска – од еден крај до друг и при тоа кога вратичката на карабинерот е затворена. Секоја друга позиција треба да се избегнува и треба да се превземаат мерки на претпазливост, да се предивиди падот и начинот на кој карабинерот би бил оптоварен во таа (секоја) ситуација...

Кога карабинерот би се нашол во таква ситуација, кога при пад тој би се нашол на удар на некој раб на карпата, таа точка треба да биде продолжена со цел да се избегне тој удар врз карабинерот. Тоа продолжување најчесто се прави или со поставување на подолг комплет со што би се избегнал ударот врз двата карабинери или пак кога на точката за обезбедување (клинот, сајлата на френдот или чокот) директно би се поставила гуртна и карабинерот би го избегнал работ.

Во компанијата ДММ од Велс имаат испитувано кој е подобар начин за поврзување на гуртната со сајлата на чокот од двата најчесто користени методи: можете да ги погледнете десно. Едниот начин на поврзување е со единечен прусиков чвор (слика а)), а другиот начин со едноставно протнување на гуртната низ сајлата и прикопчување на двата краја со карабинер (слика б)).

Разгледувани се неколку случаи и тоа сите комбинации на чокови со сајли со дебелина од 2,5мм и 3,3 мм кога тие би биле поврзани на двата споменати начини во коминација со гуртни од Dyneema материјал (една со широчина од 8мм, а друга од 11мм) и една најлонска гуртна со широчина од 16мм.

Резултатите од тестот покажуваат дека во секој случај посилен метод за поврзување на гуртна со сајлата на чокот е со едноставно протнување на гуртната низ сајлата (слика б)).

И тоа овој метод кај подебелите сајли (на поголеми чокови) издржува сили поголеми за нешто повеќе од 50% кај гуртните од Dyneema, а за нешто повеќе од 60% кај најлонските гуртни во споредба со методот кога би се користел единечен прусиков чвор. Кај потесните сајли (помали чокови) разликата во сила е од 25-50% повеќе во корист на истиот медот – едноставно протнување на гуртната низ сајлата во споредба со методот на правење на единечен прусиков чвор...

Исто така во однос на тоа која е подобра комбинација т.е. дали поврзувањето на сајлата (чокот) со гуртна од Dyneema или сајлата (чокот) со гуртна од најлон, овие тестови покажуваат иста или многу слична издржливост на најлонската гуртна од 16мм со гуртните од Dyneema од 11мм и 8мм, кога тие се поврзани со потенката сајла, а кога се поврзани со подебелата сајла, издржливоста помеѓу најлонската гуртна од 16мм и Dyneema-та од 11мм е слична, но таа на гуртната од 8мм е послаба за околу 10%.

Copyright © Alpinizam.org