Гуртна на гуртна
- 17.12.2009г.
- Ново тестирање за случај на директно поврзување на две гуртни
Колин Повик е механички инженер со 20-годишно искуство зад себе и е директор за квалитет во компанијата Black Diamond (БД) од 2002 година. Тој го надгледува процесот на изработка на сé што произведува оваа компанија – од прототип до конечен производ.
Ова е негов текст за испитувања направени кај нив на крајот на Ноември оваа година во однос на издржливоста на системот кога две гуртни се надоврзуваат една на друга без употреба на карабинер помеѓу нив – но не со чвор туку со протнување на една гуртна низ друга.
Конкретно се работи за случај кога треба да „се продолжи“ еден френд кој има кратка гуртна.
Еве го текстот од Колин:
Кога се подготвувам за искачување на насока од повеќе должини обично опремата ја средувам на следниот начин:
-френдови со по еден карабинер на секој од нив и комплет чокови на еден карабинер - поставувам на појасот;
-комплети и единечни карабинери – исто така на појасот;
-преку рамо ставам гуртни и по еден карабинер на секоја од нив.
Ако треба да поставам френд, го вадам од појасот, го поставувам во пукнатината и го прикопчувам карабинерот.
Ако треба да поставам френд кој треба да го приближам до што поправа линија на јажето – тогаш или на гуртната на френдот прикопчувам комплет:
Или прикопчувам подолга гуртна на следниов начин:
Едноставно нели.
Пред некое време бев да качувам со еден пријател и кога качував како втор наидував на следниве ситуации – како поврзувал две гуртни:
Најлон на најлон или Спектра на Спектра – ми изгледаше многу опасно... Кога дојдов на сидриштето го прашав околу неговиот метод и одговорот се сведе на тоа дека штеди на карабинери итн итн – „old school“ пристап кон качувањето. Кога дојдов на работа после тој викенд изведовме неколку тестови.
Протнавме една 8мм Спектра гуртна низ обична гуртна каква што има на френдовите и изведовме неколку тестови во кои правевме статичко и динамичко оптоварување. Потоа ги споредивме резултатите со ситуација во која имавме поврзано само карабинер и гуртна.
Силите на издржливост кои се добија при тие тестови беа: 15.6 kN, 16.2kN и 15.5kN. Во просек тоа е 15.8 kN. Силата во случај кога беа прикопчани карабинер и гуртна беше 25.5kN.
Тоа значи дека системот во кој една гуртна едноставно е протната низ друга гуртна ја намалува за 40% силата на системот кога се употребува карабинер на гуртна.
Динамичко тестирање – импровизација на пад
Двата системи беа тестирани во случај на пад со фактор 2 (потсети се овде за фактор на пад >>>>) со тежина од 80кг. Јажето во двата системи се искина по шест последователни пада и никогаш причина за тоа не беше системот – тестираната точка за обезбедување.
Заклучок
Протнувањето на гуртна низ гуртна за да се продолжи една точка наместо да се употребува карабинер помеѓу нив – ја намалува силата на системот, но во повеќето случаи тоа не е најслабата алка во системот во реални ситуации. Препорачувам сепак да се користи карабинер кога се спојуваат две гуртни.
Исто така треба да се земе во предвид тоа дека при тестирањето не беше земено во предвид придвижувањето на гуртните и триењето помеѓу нив – што дополнително би ја намалило нивната издржливост.
Качувајте безбедно! |