Share

Гуртната на Шерман

Сé започнува на 22-ри oктомври 2006-тa година. Американецот Џон Шерман успева на своето сидриште да искине гуртна од 8мм произведена од компанијата Мамут. Сидриштето Шерман всушност го користел како горна точка за обезбедување при неколкудневно чистење и средување на насоките во некој локалитет.

Откако се скинала гуртната Шерман веднаш преку електронска пошта ги известил своите пријатели, предупредувајќи ги на опасноста од директно поврзување на две гуртн, а посебно бидејќи кинењето се случило при статичко оптеретување, а не при пад.

Веднаш по овој настан, компанијата Мамут изведе тестирања на конректниот модел при разни оптеретувања (статички и динамички) и местото на кинење на тие гуртни го спореди со местото на кинење на гуртната на Шерман кој тој им ја испратил преку пошта.

По извршените споредби од компанијата доаѓаат до заклучок дека гуртната на Шерман е скината од засекување на некој остар детал од карпата, а не од статичка преоптовареност. Сите алпинисти треба да знаат дека гуртните од конкретиот модел – Dyneema Contact при директно поврзување една со друга (т.е. без карабинер меѓу нив) губат 50% од својата сила.

Местото каде беше скината гуртната на Шерман е веднаш до точката на поврзување со другата гуртна. Шерман ги пратил гуртните по пошта околу две недели по настанот – сé уште поврзани. Едната била Dyneema Contact од 8мм, а другата Misty Mountain од 15мм.

Дајнима (Dyneema) и Спектра (Spectra) се многу издржливи полиетиленски влакна чија сила на истегнување е околу 15 пати поголема од таа на челикот и 40% поголема од таа на кевларот. Влакната на овие материјали имаат голем рок на траење, голема отпорност на триење, влага, УВ-зраци и некои хемикалии. Дајнимата исто така има репутација дека при оптеретување може да ги засече гуртните кои се директно наврзани на неа (а не преку карабинер).

Според изјавите на Шерман, поврзаните гуртни не биле оптеретени со динамичен пад туку тие биле едноставно оптеретени само со нормално придвижување при симнувањето и искачувањето по јажето. Компаниите кои произведуваат гуртни со нивните тестирања веќе одамна имаат покажано дека директно наврзаните гуртни губат голем процент од нивната сила. Според некои 50%, според други 57%... Ако се земе дека нивната сила се намалува за 60% тогаш ги имаме следните бројки:

Споменатиот модел на гуртна на Мамут може да издржи сила од 22KN, па со намалување од 60% на таа сила се доаѓа до бројка од 8.8KN  - 880 килограми. Во изминатите години Мамут направи две серии на тестирања со цел да го испита влијанието на чворовите врз силата на разни материјали. И двете испитувања покажаа дека истегнувачката сила на гуртните кога се поврзани една со друга се намалува за 50%. Бидејќи гуртната на Шерман не била оптеретена со пад, а неговата телесна тежина не може да генерира сила која до тој степен би влијаела на силата на гуртната, Мамут спроведе нови испитувања врз конкретната гуртна, со цел да се види причината за нејзиното кинење и дали има промена во однесувањето кај оваа нова генерација на тенки гуртни во однос на нивното директно наврзување. Беа спроведени различни начини на оптеретување на гуртната и сите тие резултираа со различни начини на кинење на гуртната.

Најпрво беа направени два експерименти со цел да се испита силата на гуртните кои се наврзани директно една на друга – по неколку лесни оптеретувања т.е. со сила која треба да го имитира лесното потскокнување по повторено качување и симнување по јаже. Двата експерименти морале да бидат прекинати по стотина вакви повторувања бидејќи не се случило кинење.

После тоа гуртните биле ставени на динамичко оптоварување при шти чворот на нивното поврзување не бил затегнат. На тој начин, при пуштање на товарот од висина се создава повисока температура поради триењето на гуртните и при тоа се создава површинско топење на рабовите на материјалот. Тоа според Мамут имало многу мал ефект врз силата на гуртните.

По сите тие испитувања местата на кинење на сите испитани гуртни биле споредени со местото на кинење со гуртната на Шерман – под микроскоп. Споредувањето покажало дека кај сите гуртни кои се искинати при статичко оптоварување (со голема тежина) се појавува значително топење на материјалот на краевите на влакната, а често тоа е пропратено со спојување на тие влакна едни со други. Кај гуртната на Шерман се појавува линеарни кинење со едно извлечено влакно од материјалот и на неа нема топење. Исто така местото на кинење е надвор од чворот на поврзување, а не внатре што би се очекувало ако чворот е причина за кинењето. Најслично кинење со тоа на гуртната на Шерман е кинењето на гуртните кои биле исечени додека биле оптоварени со тежина.

Кај двете споредени гуртни се гледа линеарни кинење, а кај поединечните влакна нема знаци на топење на материјалот.

Како заклучок – тестовите покажуваат дека силата на две гуртни поврзани директно една на друга се намалува за повеќе од 50%. Треба да се знае дека сертификатот на UIAA покажува дека гуртните држат најмалку околу 2500килограми. Тоа значи дека кога би се наврзале една на друга нивната сила се намалува на околу 880 килограми. Со нормална телесна тежина – силата на кинење би се достигнала само при повеќеметарски пад на таа гуртна.

Бидејќи врз гуртната на Шерман нема знаци на топење на материјалот и бидејќи нема никаква сличност со гуртните кои во тестот се скинале при такво оптоварување, во Мамут не веруваат дека таа гуртна се скинала поради оптоварување со товар – па дури и поради директното наврзување на гуртните. Најверојатното сценарио (засновано на линеарното засекување и местото на кинење надвор од чворот) е тоа дека таа гуртна била засечена со остар предмет. Истегнатото влакно се верува дека било единствено не засечено и дека тоа го зачувало сидриштето на место, а потоа под товар било истегнато.

Заклучок: алпинистите треба да знаат дека без разлика за каква гуртна се работи – тенка или дебела или од било каков материјал – дека било каков чвор за директно поврзување на две гуртни треба да се користи со големо внимание. Што се однесува до таквото поврзување кај тенки гуртни – дополнителната загуба во сила кај нив изнесува околу 5%. Тоа не е причина тие да се третираат некако посебно во однос на подебелите гуртни од аспект на поврзувањето – едноставно кажано секое наврзување треба да се третира многу внимателно.

Најбезбеден начин да се добие подолга гуртна е како прво да се има целосна подолга гуртна. Сепак ако во еден момент треба да се спојат две гуртни, најсилен и најбезбеден начин ќе биде ако тоа е направено со карабинер.

На оваа тема:

- Гуртната на Шерман;

- Гуртна на гуртна, тестирање во БД;

- Споредба на Dyneema и најлон гуртни - тестирања во ДММ;

- Импровизација (директно поврзување на гуртна со сајла на чок)

Copyright © Alpinizam.org