Интервју со Валери Бабанов на 14-ти Јуни 2006 година
Качувањето, во висинскиот логор и резиме
Во ранецот имав 2 јажиња: Ice Line (8,1мм) и Cobra (8,6мм) – двете по 60 метри, мал шатор, лесна вреќа за спиење, примус и јакна. Во 7 часот утрото го поминав бергшрундот и почнав со качувањето. Поради тоа што насоката во горниот дел одеше по карпа земав опрема за обезбедување на таков терен: френдови, чокови, алпинистички клинови. Сето тоа беше употребено, а посебно клиновите при симнувањето.
Не употребував јаже до 6300-6400 метри. Тогаш мразот почна да губи на квалитет. Мојот ранец тежеше околу 15-16 килограми и беше тежок за тој квалитет на мразот. Едно од јажињата го заврзав за мене и така го влечев во текот на целото качување и го употребив само при симнувањето. Во кулоарот качував брзо со минимум обезбедување со 2 тубуларци на сидриштата и често ништо помеѓу нив.
Како и обично напладне врнеше снег. И покрај тоа бев добро мотивиран да продолжам да качувам. Во 9 часот вечерта дојдов до делот со карпи на висина од 6800 метри. Стануваше темно, но сепак качував уште околу 3-тина метри низ еден микс-кулоар и таму веќе морав да застанам.
Тоа не веше добро место и не спиев таа ноќ. Беше многу студено. Од бивакот излегов во 8 часот, зоврев вода и почнав да се подготвувам. Претходниот ден имав фиксирано јаже на тоа место и за еден час се качив по него. По моја проценка ми беа потребни 7-8 часа да стигнам до врвот од местото каде спиев. Одлучив да ја оставам опремата за бивакување и го земав само најпотребното. Но растојанијата во планините често залажуваат и повторно си го покажав тоа. Во 8 часто вечерта немав стигнато ниту до врвот ниту гребенот. Непреспаната ноќ и висината влијаеја – нозете ми отежнаа, телото откажуваше, а свеста некако како да беше прекриена со завеса на нереалност. Имаше уште една неочекувана работа – горниот дел на насоката беше потежок, отколку што изгледаше од доле. Понекогаш мразот не беше доволно цврст, а понекогаш морав да висам само на цепините…
Како што качував повисоко, така ме напаѓаше несигурност. Требаше да се симнувам во темница а тоа не ми се допаѓаше. Во текот на качувањето имав и неколку пречења. Позната ми е опасноста од абзелување во текот на ноќта – посебно кога си сам и изморен. Во такви услови лесно е да се направи фатална грешка.
Последната должина ја качив при самото стемнување. Повторно планината беше покриена со облаци и почна да врне снег. Кога излегов на гребенот беше 9 часот. Тогаш си реков: „Тоа е тоа! Стој! Тоа е крајот. Оди надолу!“ Воопшто не и се противев на таа наредба. Го послушав мојот внатрешен глас и го следев.
Во висинскиот логор и резиме
Качувањето од шатор до шатор траеше 47 часа. Самото качување траеше 26 часа. Можеби тоа не е долго време, но од аспект на длабоки доживувања тука има години и години.
Резиме:
Северен врв на Чомо Лонзо (7200м)
Нова насока: „Малиот Принц“. Соло
Искачување до гребенот – околу 7100м. Без да се стигне до врвот.
Оцена: TD+ (1100м, М4+)
- текстот и фотките се објавени со дозвола од В. Бабанов (повеќе инфо на www.babanov.com) |