Други поглавја од интервјуто:

- Вовед, втор обид и нешто друго,

- Качувањето, висински логор и резиме

- Прашања

- Биографија

Интервју со Валери Бабанов на 14-ти Јуни 2006 година

 

Валери БабановВовед

Од Катманду тргнав на 15-ти Април и очекував да бидам под Чомо Лонзо на 21-ви Април. Но поради новите врнежи од снег останавме три дена во Карта и ова одолговлечување беше голем проблем за мене. Во базниот логор стигнав на 24-ти Април. Имаше многу нов снег на планината и следниот ден кога требаше да ја извидувам Западната Страна на Чомо Лонзо после 8 часа пробивање стигнав само до половина од патеката. Бев разочаран од овој неуспех. Морав да влечам многу тежина со мене со цел да го поставам напредниот базен логор (НБЛ) на висина од 5900 метри. Тоа очекував да биде место каде ќе поминам најголем дел од времето: да се аклиматизирам, качувам итн. Затоа требаше да качам многу работи горе. Чомо Лонзо од северПри првиот обид увидов дека ќе ми биде потребна една недела да го организарам НБЛ – така се поставија работите. Со организирањето на кампот завршив на 2-ри Мај. Временските услови не ми дозволуваа да се релаксирам. Наутро беше сончево, а потоа попладне почнуваа да се собираат облаци и околу три часот почнуваше да врне снег. Нестабилното време и поместувањето на планираниот тајминг, го доведоа во прашање првичниот план. Сепак, на 3-ти Мај почнав да се качувам по Западната Страна на Чомо Лонзо (7790м). Планирав дека ќе качувам неколку дена и ранецот ми беше тежок. Но качувањето заврши многу брзо. Искачив само три должини над бергшрундот и почна обилно да врне снег по што се симнав до НБЛ, а потоа до базниот логор (4750м). Ми беше потребен добар одмор.

 

 

Втор обид

висински логорСледен обид започнав на 9-ти Мај. Тој ден стигнав до 6500 мнв и преспав во „квази – седечка“ позиција. Следниот ден додадов 100 висински метри и повторно видов дека нема да можам да одам до крај. Условите беа многу лоши и бев принуден да се обезбедувам на секоја должина. Така моето искачување беше премногу бавно и тоа не ми се допаѓаше. Не бев подготвен за такво нешто. На тој начин ќе требаше да качувам 6-7 дена, а на насоката немаше место за бивакување дури ни за во седечка позиција. За такво искачување обично се користи портлеџ, но тоа го немаше во моите планови.

Наизменично имаше лош мраз и плочи на жолт гранит – личеше на планината Ак-Су само повисока од 6000 метри. Се симнав до НБЛ и се запрашав за ситуацијата во која сум. Немав многу време до крајот на експедицијата. Околните ѕидови и страни бараа неколкудневно качување, а временските услови… Временските услови беа катастрофални.

Нешто друго

Чомо ЛонзоСледен обид започнав на 9-ти Мај. Тој ден стигнав до 6500 мнв и преспав во „квази – седечка“ позиција. Следниот ден додадов 100 висински метри и повторно видов дека нема да можам да одам до крај. Условите беа многу лоши и бев принуден да се обезбедувам на секоја должина. Така моето искачување беше премногу бавно и тоа не ми се допаѓаше. Не бев подготвен за такво нешто. На тој начин ќе требаше да качувам 6-7 дена, а на насоката немаше место за бивакување дури ни за во седечка позиција. За такво искачување обично се користи портлеџ, но тоа го немаше во моите планови.

Наизменично имаше лош мраз и плочи на жолт гранит – личеше на планината Ак-Су само повисока од 6000 метри. Се симнав до НБЛ и се запрашав за ситуацијата во која сум. Немав многу време до крајот на експедицијата. Околните ѕидови и страни бараа неколкудневно качување, а временските услови… Временските услови беа катастрофални.

 

- текстот и фотките се објавени со дозвола од В. Бабанов (повеќе инфо на www.babanov.com)

Други текстови/искачувања:

- Нови насоки на 8000м. во 2008год.

Copyright © Alpinizam.org