Интервју со Валери Бабанов на 14-ти Јуни 2006 година
Прашања
Прашање: Кој е вистинскиот момент кога да се почне со повлекување?
В.Б.: Понекогаш не можеме да го видиме тој момент. Сé зависи од алпинистот и неговата способност да ги слуша неговите „внатрешни гласови“. Колку што повеќе време поминувате на планина, во природа и во допир со границите толку поделикатно стануваат вашите перцептивни способности. Тие луѓе се поинтуитивни. Сето тоа помага во донесувањето одлука. Понекогаш за да се симнете од половина насока ќе бара поголем напор, отколку продолжувањето со качување. Јасно е дека тој кој може да ги слуша тие внатрешни гласови има поголеми шанси да донесе правилни одлуки во екстремни ситуации и повеќе шанси да преживее. Сето тоа зависи од индивидуата. Уште една забелешка: факт е дека е невозможно да се провери што би се случило ако сте продолжеле да качувате и сте го игнорирале внатрешниот глас – можеби ништо...
Прашање: Со какви психички проблеми се сретнавте при качувањето?
В.Б.: На некој начин оваа експедиција беше „скок во темно“. Сум качувал соло многу, а и во Хималаите исто така. Но во секое време, долу секогаш сум имал членови на семејството или блиски пријатели кои ме контактирале. Понекогаш имав радио станица преку која ги контактирав. Но сега сé беше поинаку – долу во базниот логор имав само готвач кој скоро не зборуваше англиски и со кој дијалогот ми беше ограничен. Дури и кога се симнав во базниот логор после неколкудневна изолација од целиот свет тоа чувство на осаменост не исчезнуваше. Да бидам искрен никогаш не сум бил волку изолиран како во оваа експедиција. Одделеност од светот – домот, луѓето, мајчиниот јазик и сл.
Во големите планини кога сте сам, се чувствувате потполно незаштитени. Ова чувство се зголемува посебно кога работите одат по друг пат и кога почнувате да правите грешки. Се чувствувате како да сте на друга планета. Планините секогаш претставуваат вистинска опсност. Високите планини секогаш ќе останат неште туѓо за нас – како да не се создадени за нашето постоење. Секогаш кога застанувате лице во лице со некоја планина често чувствувате необјаснива меланхолија или депресија. Причина за тоа е нашата неспособност да се одбраниме од нешто толку многу посилно од нас и тоа интуитивно го чувствуваме.
Во другиот наш жив кој пулсира во градот ние забораваме на нашата голотија кон елементите – планините, пустините или други слични места. Ни изгледа дека сме „кралеви на природата“, но кога ќе избегаме од секојдневието и ќе стигнеме до место во кое сме сами со природата, тогаш ни се појавуваат други вредности – разбирање кон вистинските работи, нашите можности и кревкост во овој свет. Јас не сум исклучок. Сите овие чувства: меланхолија, осаменост – ми се познати и на мене и нив ги доживеав во текот на експедицијата. Но јас сум благодарен за тоа и за единствените можности да ги посетувам најубавите делови од Хималаите. Благодарен сум за можноста да ги согледувам моите идеи и искуства, да научам нешто ново за самиот себе и да поминам низ целиот спектар на чувства кои ги доживеав во само едно патување, а што не е можно во обичниот живот.
Прашање: Вклучен си во планинарството долго време (целиот твој живот?). Кои етапи од твоето напредување како личност и спортист би сакал да ги споменеш? Како е тоа поврзано со повисоките нивоа? Некои навистина забележителни моменти?
В.Б.: Скоро целиот мој живот:) Всушност за прв пат отидов во планините во Урал на 12-годишна возраст. Тогаш планинарев. Во алпинизмот влегов на 15-годишна возраст. Да пресметаме… Повеќе од половина живот сум им го дал на планините. Јасно е сепак дека во првите 10 години интензитетот не бил каков што е сега.
Има многу настани кои влијаеле на понатамошното мое инволвирање во алпинизмот. Можам да напишам цела книга за тоа. Сега би ги споменал како што велите вие „забележителните“ етапи и моменти.
Прво. Кога успеав да ги поминам првите две етапи од Руската Хималајска Експедиција на Чо Оју (8201м) во 1989-90 година. Иако на крај не успеав да заминам во Хималаите, искуството да зборувам со најдобрите алпинисти во тоа време, Захаров, Виноградски, Першин и многу други, беше многу повредно отколку тоа. Тогаш видов дека тие славни личности не се супермени, туку исти луќе како нас – со сите грижи и проблеми.
Второ. Во 1990 година влегов во Централно Азиската Армиска Област (ЦЗАО). Беше среќна околност да можам да качувам со Кришчати, Мојсеев и други. Се сретнав и со Букреев. Поминав долго време на Алма-Ата. Трениравме и качувавме многу. Од таа година почнав да го работам алпинизмот професионално. До 1993 година имав 7 искачувања на врвови над 7000 метри од кои на два во многу брз стил…
Трето. Мај 1993 година – соло на мојата прва долга насока (900метри). Тоа е „Линијата на Берберот“ на Пик Слободна Кореја во Тјен-Шан. Ова искачување во огромна мера го смени мојот став, влијаеше на мојот избор да качувам соло и го посочи мојот пат во алпинизмот во следните десет години.
Почнав да работам „поинаков“ алпинизам – алпинизам „на тенка линија“ во кој само ти самиот си одговорен за твоите одлуки. Твојот живот е само во твои раце. Искачувањето на Пик Слободна Кореја и искуствата доживеани таму имаа големо емотивно влијание врз мојот ум – ми стана досадно и неинтересно да качувам во тим. Соло искачувањата се како дрога од која не можеш да се одвикнеш и во основа не сакам да го правам тоа.
Четврто. Февруари 1995 година. Успеав да соберам пари и да отидам во местото за кое сонував многу години – Шамони, Франција. Таму пристигнав преполн со арогантниу проекти: Петит Дру, Гранд Капусен, Гранд Жораз и други врвови. Сите сонував да ги качувам соло – успеав со тек на време. Француските Алпи и Шамони станаа мој втор дом. Идеите и новите проекти сами се редеа во мојата глава. Во следните години многу од нив успеав да ги реализрам… Во 2002 година дипломирав на ENSA – училиштето за водичи во Шамони...
За важен дел од мојата еволуција ја сметам и 1997 година. Тоа беше прва година кога отидов на Хималаите како дел од Рускиот Национален Хималајски тим со цел да се направи целосна пречка Лотце – Лотце Шар преку неискачениот среден Врв на Лотце. Тогаш успеавме само да се качиме на Лотце (8516м). Тогаш се стекнав со вредно искуство кое ми беше корисно во следните хималајски експедиции. По таа експедиција „се разболев“ по овие планини – ми станаа омилени. Секоја можност ја користев да отидам таму. Сите поважни настани (успеси и неуспеси) се случуваат токму таму.
Прашање: Што е за тебе најинтересно во Хималајскиот алпинизам?
В.Б.: Во моментов има нагласена тенденција за качување технички комплексни и долги страни на планини нешто пониски од 8000 метри. Тоа се прави во мали групи од по 2-3 алпинисти. Јас лично гласам за тој развој. На 8000-ките може само да гледаме битки вообичаено на комерцијални експедиции.
Токму затоа додека имам сила и можност ќе се враќам во Хималаите и во нивната „луда“ убавина и тешки страни и столбови… Сам или во тим со уште еден алпинист. Така јас го разбирам алпинизмот „на тенка линија“.
Прашање: Стандардно – какви се твоите планови за ова лето – есен?
В.Б.: Моите планови… Лето: Јули – Август ќе работам како водич во Шамони. Понатаму – не е јасно, па затоа нема смисла за да зборува за тоа. - текстот и фотките се објавени со дозвола од В. Бабанов (повеќе инфо на www.babanov.com) |