Интервју со Валери Бабанов на 14-ти Јуни 2006 година
Биографија
Датум на раѓање: 10-ти Ноември 1964 година – Омск, Русија
Со алпинизам почнува да се занимава од 1980 година. Има преку 300 искачувања – повеќе од 150 од нив се со висока техничка тежина и качувал и како член од тим или соло (во летни и во зимски услови). 8 пати на врвови повисоки од 7000 метри во поранешниот СССР. Две искачувања (Корженевска – 7108м и Пик Ленин – 7134м) од нив во многу брз стил: од базен логор до базен логор во еден ден. Околу 35 долги насоки со голема техничка тежина во Русија, САД, Алпи, Хималаи – во летни и зимски услови во соло стил.
Од 1995 година член на елитниот француски клуб – GHM – Group de Haute Montagnes.
Во 2002 година дипломира на ENSA – француско училиште за водичи во Шамони. Денес тој е единствениот учител од Русија кој има интернационална диплома за професионален водич.
Некои позначајни искачувања:
- 1997 – Лотце (8516м) – Хималаи
- 1999 – соло искачување на Гранд Жораз по нова насока – Француски Алпи
- 1999 – Соло искачување на Монт Барил по нова насока – Алјаска
- 2000 – Соло искачување на Монт Кангтега (6799м) по нова насока – Хималаи
- 2001 – Прво искачување на Меру (6310м) соло – Хималаи
- 2003 – Прво искачување на Нупце Исток (7804м) во наврска – Хималаи
За искачувањата на Меру и Нупце добитник е на наградата „Златен Цепин“ и е единствен кој ја добил оваа награда два пати.
Има направено многу предавања и презентации за своите искачувања. Некои од поголемите се во 2000 и 2001 година во Италија пред повеќе од 450 посетители и во 2003 година во Шведска пред повеќе од 500 посетители.
Да не споменуваме дека насекаде во светот во сите големи медиуми – пишани и електронски се објавувани тесктови за неговата личност и достигнувања. Списокот е голем...
- текстот и фотките се објавени со дозвола од В. Бабанов (повеќе инфо на www.babanov.com) |