Златен Цепин 2005
Свеченоста се одржа на 10-ти Февруари 2006 година во Шамони. Номинации:
1.На 13-ти Ноември 2005 година Ермано Салватера, Алесандро Белтрами и Роландо Гариботи се искачија на Серо Торе по насоката “El Arca de los Vientos” која ги поврзува (поминува по) источната, западната и северната страна на планината. Технички тежини до 6b+ и А1...
2.Роберт Жаспер и Штефан Гловач за нивната нова насока на Серо Муралон по Северната Страна – 27 должини со технички тежини до 7c+ качени во слободен стил, а исто така и А2 и М4. Тие на оваа насока работеле и во 2004 година, но без успех. Насоката ја поминале со фиксирање на јажиња во првите 10 должини…
3.Стив Хаус и Винс Андерсон со искачувањето на Нанга Парбат (8125м). Тие на врвот се качија преку импресивниот Централен Столб на Рупал Страната. Насоката се издигнува 4100 метри во вертикала и тие качувале 6 дена нон-стоп, а потоа им требале уште 2 дена за симнување. Тие качувале во „екстремно лесен – алпинистички стил“… Се симнувале по насока во близина на таа на Меснер и не ги користеле постоечките, фиксни јажиња за помош… Стив Хаус минатата година беше номиниран за неговото соло искачување на К7. Технички тежини на насоката: WI4, M5, 5.9…
4.Швајцарецот Ули Штек со неговите соло искачувања во алпинистички стил. Во т.н. „Кумбу Експрес“ тој се искачи по тешките северни страни на Чолатце (6440м) по насока од 1600 метри вертикала, Тавоче(6505м) по насока од 1500 метри вертикала и северо-западната страна на Ама Даблам до висина од 5900 метри.
5.Денис Урубко и Сергеј Самоилов од Казахстан со нивната нова насока на Јужната Страна на Броад Пик во Пакистан (8047м). Тие на планината поминале 8 дена (6 дена за качување и 2 за симнување по нормалната насока) по терен од мраз со стрмнина од 75 степени и технички тежини до 6c. Насоката се издигнува 2500метри во вертикала…
6.Франуцзите Патрик Вањон, Кристијан Тромсдорф и Јаник Грациани со нивните искачувања на недопрениот северен и централен врв на Тибетската планина Чомо Лонзо (7500м). Техничка тежина на искачувањето: ED , а должината 1500метри...
Добитници на наградата како што веќе објавивме во нашите Вести се Стив Хаус и Винс Андерсон за искачувањето на Нанга Парбат…
Жири на овогодинешната церемонија:
-Стивен Ванејбелс (Англија) – претседател
-Пјер Хофман (Швајцарија)
-А.Болотов и М. Михаилов (Русија) – добитник на наградата од 2004 година
-Мајк Твид Тарнер (Англија)
-Силво Каро (Словенија)
-Франсис Марсињи (Франција)
-Им Дук Јонг (Кореја)
-Гај Шомерол (Франција) – основач на „Златен Цепин“
-Уредниците на француското списание Montagnes
Откако беа прогласени победниците Стив Хаус заблагодарувајќи им се на жирито, публиката и другите номинирани кандидати изјави: „...Вистинската награда ја заслужуваат сите алпинисти во светот кои веруваат во качување во алпинистички стил со миминум дејство врз околината...„ |