Други теми:

- За „Златен Цепин“

-Златен Цепин 2008год.

-Златен Цепин 2006год.

-Златен Цепин 2005год.

-Златен Цепин 2004год.

-Златен Цепин 2003год.

-Златен Цепин 2002год.

-Златен Цепин 2001год.

-Златен Цепин 1991 - 2000год.

Златен Цепин 2003

Кандидати:

1.Хималајска Трилогија во Непал и Пакистан - Французинот Жан-Кристоф Лафаел се искачи на три врва без употреба на дополнителен кислород и во алпинистички стил и тоа на:

Даулагири (8172м – Непал) преку северо-источниот гребен. Насоката е со должина од 3200 метри и има технички тежини: VI – 2. Со качување започнал на 3-ти Мај, а на врвот стигнал на 20-ти Мај во 10:00 часот.

Нанга Парбат (8125м – Пакистан) преку нова насока на Дијамир страната. Насоката е со должина од 3125 метри и на височина од 7100м се спојува со насоката Кинсхофер преку која завршува на врвот. Технички тежини: VII – 4. До 7100м качувал со Симоне Моро, а потоа преку Кинсхофер продолжил со Ед Вистерс бивакувајќи на 6500, 6800 и 7400мнв. Започнал на 20-ти Јуни, а стигнал на врвот на 23-ти Јуни во 11:45 часот

Броад Пик (Фалчан Кангри – 8047м – Пакистан) преку насоката „1957“ која е со должина од 3150м. Технички тежини: VI – 2/3. Започнал со Ед Вистерс на 13-ти Јули и стигнал на врвот на 15-ти Јули во 10:45 часот (мапуштајќи го последниот бивак на 7000мнв на полноќ)

Нупце Исток2.Стефан Бено и Патрис Глерон-Рапа од Франција за новата насока на северо-западната страна на Талај Шагар во Индија (21-ви до 30-ти Септември). Насоката е со должина од 1200метри и има 29 должини. Техничките тежини: ED+, VII – AI6, M6, 5. Во првите два дена качиле 10 должини (снег со стрмнина од 50/75 степени) и застанале на 6000м поради невреме. На врвот стигнале пи три дена качување на 29-ти Септември во 17:00 часот. На симнување повремено користеле фиксни јажиња од Корејската експедиција во долниот дел од страната

3.Ајмер Кло и Дидиер Жордан од Франција за новите насоки на Чакрараху и Хиришанка во Перу. Насоката на Чакрараху е со должина од 800метри и тежини: V – AI5+, M6 со стрмнина на мраз од 70степени. Слободно качување во период од 25 часа. Насоката на Хиришанка е со должина од 1200 метри и има 30 должини. Техничките тежини: V i – 7a, A2. По 6 бивакувања на врвот стигнале на 9-ти Септември.

4.Нова насока на јужно-источниот гребен на Анапурна (Непал). Јан Парнел, Кентон Кул од Англија. Насоката е со должина од 2500 метри и има технички тежини VI – 5, M5, WI4.

5.Марцин Томашевски, Давид Казликовски и Кристоф Белжински од Полска за нивното качување по насоката “Last Cry of the Butterfly” на Цитадел во Алјаска. Насоката е со должина од 1200 метри и со технички тежини: VI- 5.10b, A4, агол од 80 степени. Експедицијата траела 17 дена, од кои 12 ги поминале на самиот ѕид.

6.Стјуарт Мекелизи, Оли Сандерс и Твид Тарнер од Англија за нова насока (“Supa Dupa Couloir”) на Цитадел во Алјаска. Насоката е најдиркетна линија по Источната Страна на Цитадел – совршен кулоар од мраз и по зборовите на еден од членовите на тимот „Сон на секој алпинист е да направи првенствено искачување на ваква насока“. Насоката е со должина од 1200 метри и има 21 должина. Техничките тежини се: VI – WI6+. Вкупно траење три и пол дена – 2 бивакување на самиот ѕид и абзелување преку ноќта...

Валери и Јури7.Валери Бабанов и Јури Кошеленко од Русија за искачувањето на Нупце Исток (7804м) преку насоката Moonlight Sonata (јужно-источен столб). Должина 2400 метри со технички тежини: VI – 5, A3/A4, WI6, M5. Искачувањето – фиксирале јажиња до 6700 метри, а потоа се симнале во Лукла. Потоа следувале 4 дена качување до врвот при што од 6900 до 7804 метри качувале слободно. Симнувањето траело 2 дена со едно бивакување. Нупце Исток е еден од четирите сателити на главниот врв Нупце (7855м)...

Добитници на наградата се Валери Бабанов и Јури Кошеленко за искачувањето на Нупце Исток.

Жири на овогодинешната цермонија

-Жан Троилет – претседател

-Хуберт Жот – ГХМ

-Лесли Фучко – ГХМ

-Адриано Фавре – Италија

-Гај Шомеро – основач на „Златен Цепин“

-Мик Фалуер и Пол Рамсден – добитници на „Златен Цепин 2002“

-Уредниците на списанието Montagnes

Copyright © Alpinizam.org