Други теми:

- За „Златен Цепин“

-Златен Цепин 2008год.

-Златен Цепин 2006год.

-Златен Цепин 2005год.

-Златен Цепин 2004год.

-Златен Цепин 2003год.

-Златен Цепин 2002год.

-Златен Цепин 2001год.

-Златен Цепин 1991 - 2000год.

Златен Цепин 1991 - 2000

Добитници:

2000 - Томас Хубер (Германија) и Иван Волф (Швајцарија) за искачувањето на насоката “Shiva’s Line” на Шивлинг(6543м). Насоката оди по Северниот Столб на оваа планина која се наоѓа во Индиските Хималаи. Техничките тежини се VII/A4, насоката е долга 1500 метри, а искачувањето било направено помеѓу 29-ти и 31-ви Мај 2000 година.

1999 – Прво искачување на на југоисточната страна на Буркет Иглата (3049м) на Алјаска. Насоката оди во вертикала 1200 метри и има технички тежини 7а/А3+

1998 - Атол Вимп (Нов Зеланд) и Ендру Линблејд (Австралија) за искачувањето на северната страна на Талај Шагар (6904м) во Индиските Хималаи. Качувајќи од 13-ти до 20-ти Септември 1998 година се издигнува 1500 метри во висина и има технички тежини VII/W15

1997 – Руска експедиција од алпинисти од Екатеринабург за првото искачување на западната страна на Макалу (8481м)

1996 – Словенците Томаж Хумар и Вања Фурлан за нова насока во чист алпинистички стил на Источната Страна на Ама Даблам (6812м) во Хималаите

1995 – Андреас Орглер, Хели Несваба и Артур Вучер од Германија за неколку нови насоки во областа околу глечерот Рут на Алјаска, но особено за новата насока на Јужната Страна на Монт Бредли во истата област

1994 – Франсоа Марсињи (Франција) и Енди Паркин (Англија) за новата микс насока на Серо Торе во Патагонија

1993 – Младинска експедиција организирана од Францускиот Алпинистички Клуб. Алпинисти со просечна возраст од 20 години направија неколку успешни искачувања во Памир – во долината Каравшин.

1992 – Мајкл Пиола и Винсент Спрунгли за ED качувањето на источната страна на Torre South del Paine во Патагонија

1991 – Словенците Презељ и Штремфељ за извонредната, 3000 метри долга насока на Јужниот Столб на јужниот врв на Кангченџунга (8476м) во Хималаите
 
Copyright © Alpinizam.org