Други теми:

- За „Златен Цепин“

-Златен Цепин 2008год.

-Златен Цепин 2006год.

-Златен Цепин 2005год.

-Златен Цепин 2004год.

-Златен Цепин 2003год.

-Златен Цепин 2002год.

-Златен Цепин 2001год.

-Златен Цепин 1991-2000год.

 

Златен Цепин 2006

На 26-ти Јануари 2007 година во Гренобл се одржа манифестацијата за прогласување на добитникот на „Златен Цепин“ - најголемо и најпочитувано признание во алпинизмот. Оваа година добитници на наградата за „најдобро“ искачување минатата година се:

Марко Презељ и Борис Лоренцич од Словенија за искачувањето на Северозападниот Столб на Чомо Лари (7314м) во Тибет. Столбот е висок 2000 метри во вертикала и искачувањето траело 6 дена „од камп до камп“. Симнувањето било по истата насока и само тоа траело 2 дена – абзелување и симнување. Презељ ги оценува најтешките детали со M6+. На врвот се качиле на 16-ти Октомври 2006 година

Другите номинации беа:

1. Павле Козјек од Словенија за соло насоката на Југозападната Страна на Чо Оју (8201м) . Искачувањето започнало на 2-ри Октомври во 3:30 часот утрото. Најпрвин качувал 1200 метри по нов терен (најмногу снег и мраз), а потоа го следел Полскиот гребен уште околу 1000 вертикални метри до врвот. Козјек стигнал на врвот во длабок снег за околу 14.5 часа. Со себе носел само три шишиња вода, шест енергетски гелови, бивак вреќа и камера. Симнувањето го направил преку нормалната насока и во кампот стигнал нешто пред пладне следниот ден. (Ова искачување ја доби „Наградата од публиката“)

- црвените точки на Чомо Лари се бивак местата, а на Чо Оју црвените линии се (од лево кон десно) насоките од 2006 на Козјек, од 1994г. на Јашуши Јанои (прво соло) и од 1990г на Куртика, Лоретан и Триолет (прво искачување во алпинстички стил)

2. Тим Емет и Јан Пернел од Англија за нивната огромна нова насока на Кедар Доум (6830м) во регионот Гарвал Химал во северна Индија. Насоката оди по Југоисточниот Столб и се издигнува нешто повеќе од 2000 метри во вертикала. Искачувањето е направено во чист алпинистички стил, без техничко качување и во седум дена, а потоа следувале уште 2 дена за симнување. Техничките тежини се ED+, 6c, M3. Искачувањето траело од 1-ви до 9-ти Октомври 2006 година. На источната страна на Кедар Доум постојат уште две насоки, но ниту една не стигнува до врвот – унгарска од 1989 година и полска од 1990 година.

3. Сергеј Самоилов и Денис Урубко од Казахстан искачија директна насока по Североисточната страна на Манаслу (8163м.). На осмата по височина највисока планина во светот тие се искачија во алпинистички стил, а претходно се аклиматизираа по нејзината нормална насока стигнувајќи на врвот на 25-ти Април. По новата насока тие почнаа да качуваат на 4-ти Мај, а на врвот (повторно) застанаа на 8-ми Мај и се симнаа во базата следниот ден. Првите три дена насока одела по снег и мраз, а потоа последните два дена по микс. Минатата година овој тим искачи нова насока на Броад Пик (8047м) исто така во алпинистички стил по шест и пол дена качување.

Лево е фотографијата на Кедар Доум со насоката од 2006година (најлево) и обидите на Унгарците и Полјаците. На фотографијата од Манаслу зелените линии се постоечки насоки, а црвената е новата насока од 2006 година

4. Игор Чаплински, Андреј Родлонцев и Орест Вербицки од Украина за искачувањето на Северниот Гребен на Шингу Чарпа(5600м) во Каракорам, Пакистан. Искачувањето траело 5 дена „од камп до камп“, а насоката е долга околу 1600 метри. Во 2001 година несупешен обид имаа четворица Американци, а во 2004 година друг тим од Канаѓани стигна до половина на насоката. Оваа година за искачување на гребенот двајца американци добиле големи грантови, и сега не се знае дали тие направиле обид на искачениот гребен или нашле нова цел.

Оваа година жирито го сочинуваа:

Претседател - Јури Кошеленко (добитник на Златен Цепин 2003)

Членови - Стив Хаус и Винс Андерсон (добитници на минатогодишната награда), Мајкл Пиола (добитник на Златен Цепин 1992), Кристијан Тромсдорф (номиниран минатата година), Им Дук Јонг (основач на наградата „Златен Цепин за Азија“) и Виничио Стефанело (уредник на plantemountain.com)

Copyright © Alpinizam.org