Златен Цепин 2002
Номинации:
1.Џул Кортрајт и Рич Крос од Велика Британија за првото искачување на северо-западниот гребен на Ама Даблам (6856м) во Непал. Должината на насоката е 2300 метри и ја качувале 12 дена.
2.Дин Потер од САД за соло искачувањата на: Јужно-Источниот гребен на Серо Торе (насоката Компресор), Западната Страна на Фицрој (насоката Калифорниски рулет) и Западно-Јужно-Западна страна (насоката Суперкулоар). Должини и технички тежини на насоките: Суперкулоар – 1600метри, VI,6a,A2,AI4+(на 17-ти Јануари). Компресор – 900метри, VI, 6a+, A2, AI3+( на 23-ти Јануари 2002) . Калифорниски рулет – 1300 метри, VI, 6a+, WI5(5/6-ти Февруари 2002година).
3.Жан-Кристоф Лафаел од Франција и Алберто Инурагети од Шпанија за првото искачување и симнување на Јужната Страна и Источниот Гребен на Анапурна (8091м). Источниот Гребен најпрвин беше искачен од Швајцарците Ерхард Лоретан и Норберт Јос во 1984 година, но тие се симнаа преку Француската насока на северната страна од 1950 година. Должина и техничка тежина: 3900 метри (15 километри долг гребен помеѓу 7500мнв и 8091мнв) Без дополнителен кислород тие бивакувале три пати, а искачувањето било во периодот 11-16-ти Мај 2002 година.
4.Мик Фаулер и Пол Рамсден за првото искачување на Централниот Кулоар на Северната Страна на Шигунианг во Кина. Техничките тежини се ED+ VII/A6/M6 преку насока од 1500 метри. Поминале 6 ноќи на страната, а се симнувале два дена преку недопрениот Северен Гребен. 14-ти до 21-ви Април 2002 година.
5.Пјерик Келер, Бено Шанал, Франсоа Дупети и Јан Боневил од Франција за првото искачување на Хуандој Југ (6130м) во Перу. Должина и техничка тежина: 900метри, VI+/M5+, 6a, A4. Искачувањето траело 17 дена во Август 2002 година и биле фиксирани 600 метри јаже.
6.Швајцарските алпинисти Хаслер, Харви и Шели за првите искачувања на Северната Страна на Централната Игла на Арва (6193м) преку насоката Fior di Vite(V, 6c, A2, 80 степени) и Северната страна на Западната Игла на Арва преку насоката Capisco(VI, A3, M6+). Двете насоки се долги 800метри при што првата ја качувале 2 дена, а втората 7 дена.
Добитници на наградата се Мик Фаулер и Пол Рамсден за искачувањето на Шигунианг.
Жири на овогодинешната цермонија
-Пол Брејтвејт – претседетал
-Хуберт Жо – претседател на GHM
-Валери Бабанов – добитник на „Златен Цепин 2001“ (Русија)
-Жерард Воне-Фосет (Франција)
-Гај Шомеро – основач на „Златен Цепин“ (Франција)
-Кристијан Беквит – (САД) |