Златен Цепин 2001
Номинации:
1.Џим Бридвел и Спенсер Фингстен за првенствената насока “ The Beast” на Источната Страна на Дент Мус (3150м) во Алјаска. Должината на насоката е 1500 метри, а техничките тежини: VII/A5/6a+/WI4+/M6.
2.Марко Прецељ и Стивен Кох за првенствената насока “Luna” на Јужно-Западната Страна на Денали (6193м) во Алјаска. Насоката има 17 должини, ја качувале 23 часа, а техничките тежини се: V+/WI6+/M5
3.Мауро Боле, Марио Кортезе и Фабио Дандри за првенствената насока “Woman and Chalk” на Источната Страна на Иглата Шиптон (5850м) во Пакистан. Насоката е долга 1150 метри и има 29 должини. Техничката тежина е 8а, при што целата насока е помината слободно во период од 13 дена (сите поминати на насоката)
4.Патрик Беро – Алпско Пречење
5.Валери Бабанов за првото искачување на Северната Страна на Меру Централниот врв (6310м) во Гарвал Хималаите во Индија. Должината на насоката е 2000 метри и на самата страна тој бил 5 дена (17/22-ри Септември). Техничките тежини: ED (5a+/6a, A1/A2, 75 степени)
6.Јури Кошеленко и тим од 11 алпинисти за искачувањето на Лотце (8414м) во Непал. Должината на насоката која ја качувале е 2000 метри и со стрмнина од 80 степени. Експедицијата траела 2 месеци (1-ви Април до 28-ти Мај)…
Добитник на наградата е Валери Бабанов за соло искачувањето на Меру. Ова е негова трета последователна номинација за наградата, која ја доби од Сер Крис Бонингтон – претседател на овогодинешното жири.
|