Златен Цепин 2004
Номинации:
1.Елио Орланди и Лука Фава од Италија и Хорацио Кодо од Аргентина за искачувањето на насоката Linea di Eleganza на северо-источната страна на Фицрој во Патагонија. Тоа е најдиректна линија до врвот за која им биле потребни 8 дена (6 бивакувања поминати само со вреќи за спиење). Должината на насоката е 1450 метри и има технички тежини: VI, 6c, А3, М7. Почетните 500 и последните 600 метри ги качиле во слободен стил, а во средишниот дел со фиксни јажиња...
2.Томаж Хумар и Алеш Козељ од Словенија за првенственото (ново) искачување на насоката „Johan’s Route“ на Јужната Страна на Аконкагва (6960м) во Аргентина. Искачувањето е направено во алпинистички стил во период од 5 дена. Името на насоката е во чест на Јанез Јеглич (голем словенечки алпинист и партнер на Томаж на Нупце во 1997 година). Искачувањето е направено во последните две недели од Декември 2004 година. Должината на насоката е 2500 метри и има технички тежини: VI, 6b, A2, M6. На страната поминале 6 дена (5 бивакувања) од 17-ти до 22-ри Декември. Слободно качување освен еден дел во кој „навистина“ (со оглед на имињата на алпинистите) било потребно да се качува технички. Без фиксирање на јажиња...
3. Александар Одинцов-водач на експедицијата, Александар Ручкин, Сергеј Борисов, Мичка Михаилов, Гуча Кирјевски, Михаил Перчин, Коља Тотмјанин, Алексеј Болотов, Евгени Прилепа, Димитри Павленко од Русија за првото искачување по директна насока на Северната Страна на Јану (7710м) во Непал. Ова е еден од најголемите алпинистчки проблеми веќе повеќе од 20 години. Поради тоа и покрај тоа што стилот во кое беше изведено не е „најетички“ поради фиксирањето на јажиња, сепак сите се согласуваат дека во моментов тоа е единствен начин како може да се помине...
Експедицијата траеше од 5-ти Април до 28-ми Мај 2004 година. Должината на насоката е 2100 метри, а техничките тежини: VI, 6c, A3+, M6 . Техничко качување со фиксирање на јажиња при што различни тимови воделе различни делови од насоката...
4.Кевин Махони и Бен Гилмор од САД за искачувањето во Алјаска на Moose’s Tooth (3150м) по Источната страна. Имале два обида: 22/23-ти Март и 31-ви Март до 3-ти Април 2004 година. Насоката е со должина од 1500 метри и има технички тежини: VI, A2, I6+. Качувале во чист алпинистички стил и тоа слободно, само на еден дел технички.
5.Жан-Кристоф Лафаел од Франција за неговото соло искачување на Шишапнгма (8046м) во Тибет. Качувал потполно осамен на целата планина, без дополнителен кислород и во зимски услови – од 11-ти Ноември до 15-ти Декември 2004 година. Должината на насоката е 2200 метри, а техничките тежини: VII – мраз до 80 степени и микс терен до 55 степени. Обид да оди кон врвот 9-11 Декември, на 12ти- се симнал во базниот логор. Три ноќи на 7000 метри. Стил: 90% алпинистички стил, а фиксирал 300 метри јаже: 200 метри од 7000 до 7200 мнв и 100 метри за последните креваси
6.Стив Хаус од САД за соло-искачувањето на К7 (6934м) во Пакистан по јужно-западната страна по нова насока. По 4 обиди конечно успеал 24/25-ти Јули 2004 година за време од 41 час и 45 минути. Должината на насоката е 2500 метри со технички тежини: VII, 6a, A2, M6+ и мраз до 80 степени.
Добитник на наградата како што веќе објавивме во нашите Вести од 2005 година е Руската експедиција на Северната Страна на Јану...
Жири на овогодинешната церемонија:
-Кристоф Виелицки – претседател на жирито
-Лесли Фучко – претседател на GHM
-Гај Шомеро – основач на „Златен Цепин“
-Валери Бабанов и Јури Кошеленко – добитници на „Златен Цепин 2003“
-Стефан Бено – номиниран за „Златен Цепин 2003“, GHM
-Ивет Вочер, GHM
-Уредниците на списанието Montagnes |