Други теми:

- За „Златен Цепин“

-Златен Цепин 2008год.

-Златен Цепин 2006год.

-Златен Цепин 2005год.

-Златен Цепин 2004год.

-Златен Цепин 2003год.

-Златен Цепин 2002год.

-Златен Цепин 2001год.

-Златен Цепин 1991 - 2000год.

Златен Цепин

Наградата „Златен Цепин“ е годишна награда која се доделува за „најдоброто“ алпинистичко искачување за годината. Се доделува секоја година во Јануари/Февруари и гласи на име на претходната година. (На пример во Јануари 2007год. ќе биде избран добитникот на „Златен Цепин 2006година“).

Ова признание се доделува од страна на француското списание Montagnes и многу познатата „елитна“ група на најдобрите француски (и светски) алпинисти - Groupe de Haute Montagne (GHM). Признанието се доделува од жири кое го сочинуваат Гај Шомеро (главниот уредник на списанието Montagnes), претседателот на GHM, уредникот на Montagnes, добитникот (добитниците) од претходната година и тројца членови поканети од GHM од кои еден од нив станува претседател на жирито.

Критериумите за избор на признанието гласат вака:

„Селекцијата на потенцијалните лауреати како и условите за наградувањето подлежат на строга етика – тоа е принципот кој е основна вредност и во GHM. Високото техничко ниво и посветеност се основен критериум на кој членовите на GHM се многу врзани. Оригиналноста во изборот на целта и иновативната природа на начинот на кој се прави искачувањето се исто така важни елементи кои се почитуваат. Алпинизмот е во постојана еволуција и оваа димензија исто така не смее да биде заборавена. Токму со преминување на некои бариери кои се сметаа за ненадминливи се менуваше и менталитетот, па многу искачувања кои беа „невозможни“ беа и направени...

Други основни услови за доделување на ова признание се и почитта кон планините кои нé опкружуваат, убавината на движењето и духот во кој луѓето ги прават овие искачувања. Не смееме на генерациите кои доаѓаат после нас, да им оставиме во наследство стил на качување кој има деструктивност во себе и да заборавиме на вистинскиот дух на оваа активност“ - Ив Пејсон – претседател на GHM

Алпинистите не качуваат за награда и не се натпреваруваат со никого (човек или планина) – ова е само признание за вредноста на нивната авантура, искачување и остварување.

Проблемчиња:

- Контроверзиите во 2006г.

- Текст на Стив Хаус

- Текст на Марко Презељ

Copyright © Alpinizam.org