Други теми:

- За „Златен Цепин“

-Златен Цепин 2008год.

-Златен Цепин 2006год.

-Златен Цепин 2005год.

-Златен Цепин 2004год.

-Златен Цепин 2003год.

-Златен Цепин 2002год.

-Златен Цепин 2001год.

-Златен Цепин 1991 - 2000год.

Алпинизмот и медиумите – текст на Марко Презељ (добитник на „Златен Цепин 2006“ и „Златен Цепин 1991“) во Февруари 2007год.

 

Најпрвин би сакал да признаам дека многупати сум бил прогласуван за наивен.
Луѓето кои го знаат моето мислење ме прашуваат зошто отидов во Гренобл (на церемонија на „Златниот Цепиин“) велејќи ми дека ако не го почитувам ова признание сум требало да останам дома. Минатата година не учествуваа и Роландо Гариботи, Алесандро Белтрами и Ермано Салватера кои беа номинирани за нивното искачување на северната страна на Серо Торе. Не ми беше лесно да одлучам да учествувам, но увидов дека поголема шанса да бидам слушнат ќе имам ако отидам во Франција и се обидов да ја играм играта. Пожеби погрешив. Сé уште не сум сигурен и времето ќе покаже.

Ова писмо е адресирано и до алпинистите и до медиумите. Верувам дека главниот проблем е манипулацијата од двете страни. Прво одговорност треба да превземат алпинистите. Ако ги објавуваме нашите искачувања кога ќе ги направиме, тогаш треба да бидеме многу јасни „зошто“ и „како“ сме ги направиле.

Исто така алпинистите треба да си го постават прашањето дали ги сакаат правилата кои ги наметнуваат медиумите. Многумина воопшто не размислуваат за тоа и трчаат...но кон што? Можеби кон малку пари на крајот?

Исто така ако сакаме да го зачуваме духот на алпинизмот, медиумите треба да бидат како огледало, а не како тапан или труба на „Неверојатните“ и нивните спонзори. Новинарите треба да бидат малку скептични, да работат, поставуваат прашања и да се обидат да го избегнат сензационализмот и претерувањата кои ги кријат фактите пред нивната публика. Знам дека тоа не е едноставно. Живееме во време кога „вистината“ е многу виртуелна. Мојот став е дека вистинскиот алпинизам не може да биде виртуелен. Кога станува сериозно, алпинистот се судира само со себе и никој друг. Ако ја прифатиме играта на медиумите логичниот излез би бил некаков „сајбер“ алпинист на некоја „сајбер“ планина. Дали го сакаме ова?

Би било добр да има почитување и од двете страни уште од самиот почеток. Нема потреба да се престане во промовирање на алпинизмот ако тоа се прави чесно и со почит.

Кога минатата година Роло, Алесандро и Ермано рекоа дека нема да учествуваат во наградата, скоро и да немаше никаква дискусија за тоа. Јас сега сакам да испровоцирам дискутирање.

Зошто да не престанеме со вавки „натпревари“ и да ги претвориме во еден вид алпинистички фестивали каде ќе прикажуваме фотографии (вистински или лажни), ќе раскажуваме приказни (вистински или лажни), ќе споделуваме идеи (нови и стари), а малку и ќе качуваме. Можеби младите и ќе добијат малку инсприација од ваков настан?

На алпинизмот му е потребно внимание и признание. Но дали е тоа потребно по секоја цена?

Чувствувам одговорност да отворам ваква дискусија. На ѕидот на ренџерската станица во Талкинтна е закачен одговор на прашањето „Зошто качување?“
„Ако треба да го поставиш тоа прашање – нема да го разбереш одговорот.“

Неколку луѓе ме критикуваа за моето учество во церемонијата на „Златниот Цепин“ оваа година. Никој од нив не беше во Гренобл.

Вклучувајќи се во тој циркус имав шанса јавно да го искажам моето мислење за наградата и времето ќе покаже дали тоа било грешка.

Не верувам во награди за алпинизмот, а посебно не во трофеи и титули доделувани од јавноста или медумите. За време на церемонијата можев да го видам и почувствувам натпреварувачкиот дух креиран и провоциран од организаторите на настанот. Повеќето од алпинистите го прифатија тоа однесување без да разберат дека се втурнати во арена каде гледачите се хранат од таа драма...

Невозможно е објективно да се суди за нечие туѓо искачување бидејќи тоа содржи неискажани приказни исполнети со очекувања и илузии многу порано пред уште да се дојде под планината. Споредувањето на различни искачувања е невозможно без некакво лично искуство од нив па дури и тогаш тоа би било тешко да се направи. Минатата година јас учествував во експедиции во Алјаска, Патагонија и Тибет. Не можам да одлучам која од нив беше нај... „Нај“ што всушност?
За да го илустрирам ова за време на првиот дел од церемонијата прашав еден родител кое од неговите деца е најдобро, а кое најлошо. Секако дека не можеше да одговори.

Јас можам да кажам кое вино, книга, песна или филм ми се допаѓа најмногу во одреден момент, но не може некое жири да каже кое е најдобро или најлошо за сите нас во една година. Ако жирито избере победник тогаш тоа автоматски значи дека има некој кој изгубил – тоа е основата на натпреварувањето. Првото место значи дека има и второ и трето и последно место. Дали последното место е најмалку вредно или победниците едноставно изманипулирале подобро? Дали можеби претерале во „убавината“ на нивното искачување и можеби имале подобар маркетинг пред жирито?

Идеата за инспиративни собирања меѓу алпинистите е позитивна, но јас не можам да ја подржам апсурдната идеа за „натпревар“ во алпинизмот. За време на церемонијата зборував против ова натпреварување. Реков дека овој трофеј не ми е важен бидејќи е субјективен – како натпревар во пеење или убавина, а и комерцијалното влијание е многу очигледно. Мојот лош англиски не ми дозволи да бидам доволно јасен.

Ако романтичната идеа за „Златниот Цепин“ продолжи да постои во иднина, таа мора да еволуира во едноставен собир каде алпинистите ќе си разменуваат идеи, соништа, илузии и вистини. Можеби тие и ќе качуваат заедно – без некој да биде победник или губитник. Ако тоа не е возможно, тогаш ги молам медиумите и промотерите да престанат да го силуваат натпреварувачкиот дух во алпинизмот и да почнат да ги почитуваат алпинистите, нивните човечки разлики и креативните идеи кои го прават алпинизмот подеднакво - комплицирано и прекрасно искуство.

Проблемчиња:

- Контроверзиите во 2006г.

- Текст на Стив Хаус

- Текст на Марко Презељ

Copyright © Alpinizam.org