Марко Презељ

Добитник на Златен Цепин 1991 и Златен Цепин 2006. Овде ќе можете да видите дел од неговата импресивна биографија и ќе се уверите дека ништо не е случајно.

Роден на 13-ти Октомври 1965 година во Камник, Р. Словенија. Како што тој вели - вистински алпинизам почнал да работи од 1982 година. Во 1994 година се жени (на 14-ти Мај), добива син (13-ти Јуни) и дипломира на Универзитетот во Љубљана (14-ти Јуни) - хемија.

2006 (Серо Торе) - 20/21 Јануари Серо Торе (3102м) преку првенствени насоки на Ел Мочиту и Ел Мочу и насоката „Компресор“ (41 часа качување за 2100 метри денивелација и тежини ED-, A1, M7) ; 31Јан/01 Фев. Серо Стандард (2730м) преку насоките „ Extreme emotions” и „ Exocet “

2005 (Кордилера Бланка) – 29 Мај на Ла Есфинг (5327м) преку „Оригиналната насока“ (750м за 5,5 часа со тежини до VII+/VIII-); 1 Јуни на Ла Есфинг по насоката “Cruz del Sur” (800 метри за 7 часа со тежини до VIII); 8 Јуни на Кајеш (5721м) преку нова насока – “ Idiomas mixtos” ( 16,5 часа од шатор до шатор за 700 метри со тежини ED3, VII-, M7+); 18/20 Јуни на Таулираху (5830м) по „Италијанската Насока“ која е долга 1300 метри и тежина до ED2, M6

2004 ( Карпестите Планини во САД) – второ искачување на насоката Lowe-Jones искачена во 1974 година до тежини VI+, A3 – за пет дена во Април; (Каракорам – Чаракуса) нови насоки на Капура Пик и К7 со тежини од V до VII+ и должини од 650 до 1500 метри

2003 Биарчеди(6781м) – нова насока на Кота 5880 со должина од 1000м и тежини D+/TD+ и искачување на Биарчеди за кое претпоставува дека е второ искачување на оваа планина (првото во 1984 година) по насока висока 2200м со стрмнина од 70 степени и тежина D

2002 (04.04 – 28.05) Хималаи – Јужна страна на Нупце (7855м) заедно со Бери Бланчард, Стив Хаус и Стивен Кох стигнува до висина од 7250м и се повлекуваат поради лошо време

2001 – Алјаска – 28/29.06 искачување на Столбот Moonflower на Северната страна на Монт Хантер (VI-/A3 за 25 часа, другите искачувања траеле од 3 до 10 дена); 13.07 соло на Западниот Столб на Денали (6194м), 16/18.07 нова насока на Денали – “Light Traveler” (М8, 2000м должина) за 48 часа + 3 часа за симнување (трето искачување по Јужната Страна), Гарвал Хималаите – на 13/15.11 Нилкант (6596м) по Британската Насока што е второ искачување на таа насока и четврто воопшто на планината

2000 – На Спантик – искачување и симнување преку насоката Fowler – Saunders

1999 – Прво искачување на Северната Страна на Гјачунг Канг (7952м) во чист алпинистички стил заедно со Андреј Штремфељ, Томаж Јакофчич, Петер Мезнар, Марко Цар и Матич Јост. Како аклиматизација на Шигуанг Ри Шар (6998м) по нова насока на Јужната Страна и второ искачување на планината, нова насока на Шигуанг Ри (7309м) по Северната Страна и Источниот Гребен и нова насока и прво искачување на Пик 6700м по Источната Страна и Југо-источниот Гребен (и нова насока при симнување по Источниот Гребен и Источната Страна)

1998 – Нова насока на Источната Страна и Северо-источниот Гребен на Поронг Ри во Тибет (Источен Врв – 7248м) и нова насока по Северниот Гребен на Јебокангал Ти (Западен Врв – 7332м) што е и прво искачување на планината

1996 – Непал – искачување на 2 неименувани врв од 5100м и 5710м при што во второто качување во лавина се здобива со скршеници на зглобот и заедно со Штремфељ се пренесени од носачи во Базен Логор

1995 – Со Штремфељ по нова насока на Источната Страна на северниот Столб на Паине во Патагонија

1993 – Со Силво Каро ја повторуваат насоката „ Wayoming Sheep Ranch “ на Ел Капитен.

1992 – Второ зимско искачување на Јужната Страна на Мармолада по насоката “ Fish”, прво искачување на Пик 6301м и прво искачување на Менлугце (7181м) преку Источната Страна во алпинистички стил заедно со Штремфељ

1991 – Прво искачување на Бокто (6142м), второ искачување на Талунг (7349м) и нова насока во алпинистички стил со Штремфељ на Кангченџунга (8476м) за што добива Златен Цепин

1989 – Шишапангма по Јужната Страна – стигнува до 6500м и соло искачување на Канг Ри (6240м)

1988 – Нова насока на Северната Страна на Чо Оју (8201м)

1987 – Експедиција на Лотце Шар – стигнува до 7300м
 
Copyright © Alpinizam.org