Павле Козјек (15.01.1959 - 25.08.2008)
Павле Козјек е роден на 15-ти Јануари 1959 година во Сетница – мало место во близина на Љубљана. Започнува да качува во 1978 година – во најблиските локалитети – северната страна на Триглав и Пакленица во Хрватска.
Потоа полека ги открива и другите карпи и планини. Повторно најблиските – Доломитите - Пала, Чивета, Села, а посебно Брента...
Во 1984 година заминува за САД – Ел Капитен. Заено со Славц Светицич ја поминуваат насоката “ The Shield”. Во еден момент при водење тој доживува пад и удира со носот во карпа. И покрај скршеницата, тие решаваат да одат до крај и во период од четири дена стигнуваат на врвот. Следната година (во Октомври 1985) повторно доаѓа овде, но сега со Петер Подгорник. Најпрвин ја качуваат Регуларната насока по Северо-западната Страна на Халф Доум, а потоа качуваат на Ел Капитен...
Во Ноември 1985 година заминува за неискачената Источна Страна на Серо Торе заедно со Францек Кнез, Силво Каро, Јанез Јеглич, Славц Светицич и Петер Подгорник. Во оваа експедиција има уште три члена – Стане Клеменц – водач, Борут Белехар – доктор и Матјаз Фистравец – камера. Поради многу лошите временски услови тие често ги поминуваат деновите во ископана дупка во снегот во подножјето на капрата. На врвот на Серо Торе застануваат на 16-ти Јануари – без Светицич кој искршил прст тренирајќи во базниот логор...
1986 – 2 врва повисоки од 8000 метри за 5 дена: Броад Пик(8047м) и Гашербрум 2 (8035м). По искачувањето на Броад Пик, заедно со Богдан Бисчак, Вики Грошељ и Андреј Штремфељ се искачува во алпинистички стил на Г2 и тоа во период од 27 часа од базниот логор до врвот…
1989 – Јужниот Столб на Шишапангма (8021м) во алпинистички стил по нова насока заедно со Андреј Штремфељ бивакувајќи на два пати на 7200м и 7700м. За аклиматизација претходно заедно со Штремфељ, Стане Белак и Филип Бенце прават прво искачување на Нјананг Ри (7071м)…
1990 – Првата насока која ја качува во Перу е Richey-Brewer насоката на Јужната Страна на Чакрараху. Тогаш како што вели – добива идеа што да прави во иднина: брзи и лесни искачувања на големи страни (многу од нив неискачени)
1991 – Северната страна на Хуаскаран Југ (6768м)
1993 – Прва насока на Источната страна на Чакрараху – „Словенска насока“ ( ED2, A2+), a по неколку дена ја повторуваат Јапонската Насока на Јужната Страна на Чакрараху – заедно со Грега Крешал.
1995 – Северната Страна на Хуандој Југ по насоката Oro del Inca
1997 – Во пролетната сезона на Еверест од Тибетска страна – без кислород.
1998 – Нова насока на Северната Страна на Чопикалки
1999 – Прво соло искачување на Скандинавската Насока на Ранрапалка за време од 3 часа.
2000 – Во Јули за прв пат прави посета на Кордилера Хујхуаш каде заедно со Марјан Ковач и Арица Монастерио прават обид на Истпчната Страна на Јиришанка но поради лоши услови се повлекуваат по искачени 600 метри.
2001 – Соло насока на Хуандој Југ – “No fiesta hoy dia” – ED+
2002 – Хујхуаш со истиот тим како во 2000 година сега на Северо-источната страна на Сиула Гранде по нова насока за време од 8 часа – името е “Los Rapidos”
2004 - Нова насока на Северната Страна на Чакрараху со Ковач и Монастери. Насоката се вика El Senor de las Torres (ED+)
2006 - Нова насока на Чо Оју (8201м) соло по југозападната страна - за помалку од 15 часа.
25.08.2008 - Исчезнува на Музтаг Кулата (7273м) во Перу во обид да искачи нова насока по северната страна заедно со Дејан Мишковиќ кој е спасен 3 дена подоцна.
|