Стане Белак – Шрауф

13.11.1940 – 24.12.1995

Преку 1000 искачувања и 60 првенствени насоки. Има учествувано во 20 експедиции од кои во 18 како качувач или како водач на експедиција...

Во Словенија прави неколку први и многу силни искачувања во зимски услови по што и најмногу остава свој белег кај „помладите“ генерации кои денес често го нарекуваат како свој учител – како Томаж Хумар на пример... Има добиено неколку признанија за врвни спортски достигнувања – за учеството во експедициите на Еверест во1979 година и Кангбачен во 1974 година.

Микс насоки во Централните Алпи

1965 Гранд Жораз – Гребенско пречење

1967 Петит Дру – Столбот на Бонати – прво словенечко искачување

1969 Лес Дроитес – Cornau-Davaille ( Акстова варијанта) – прво повторување

1969 Монт Блан – Френи – Харлиновата насока – прво повторување

1978 Матерхорн – по насоката на браќата Шмид – стигнува до рамото

1985 Ајгер – се искачува по Северната Страна – како водич со клиент

1992 – тешка повреда при пад во северната карпа на Триглав

Експедиции

1968 – Хиндукуш – први искачувања на до тогаш неискачени врвови

1970 – Хиндукуш – две првенствени насоки

1972 – Макалу (8481м) – експедицијата стигнува до крајот на карпата

1974 – Кангбачен (7902м) – врв

1975 – Макалу (8481м) – Јужната Страна – прво словенечко искачување на врв повисок од 800 метри – стигнува до врвот

1978 – Еверест – извидница

1979 – Еверест (8848м) – нова насока по Западниот Гребен – стигнува до врвот

1980 – Даулагири – извидница за експедиција на Јужната Страна

1980 – Мананг, Непал – дел од училиште за планински водичи

1981 – Даулагири (8167м) – водач на експедицијата по Јужната Страна. Словенците оваа експедиција ја нарекуваат „една од најголемите пустоловини во Хималаите“

1983 – Гангапурна (74754м) – водач и врв

1985 – Даулагири – водач на експедицијата за нова насока по Западната страна – достигната височина – 7500м

1985 – Анди – Аконкагва(6959) – Јужната Страна

1986 – Даулагири (8167м) – водач на експедиција по западната страна и северо-западниот гребен

1987 – Даулагири (8167м) – водач на првата словенечка експедиција на врв повисок од 8000м во зимски услови – достигнува 8050м

1988 – К2 (8611м) – по „Магичната Линија“ достигнува висина од 8000м

1989 – Шишапангма (8027м)

1994 – Ганеш (6986м) – извидница

1994 – Ганеш (6986м) – на врв преку нова варијанта во есенската сезона

1995 – Апи Нампа – извидница
Copyright © Alpinizam.org