Томаж Хумар
Роден на 18-ти Февруари 1969 година во Љубљана. Вели дека качува поради тоа што вистински почнува да дише само на висина од над 5000м и дека планините се единствените место каде е навистина близу до Него. Кога го опишал својот план за искачување на Даулагири на Елизабет Холи (еден од најголемите експерти за Хималаите) таа прокоментирала: „Тој е луд, но не и глупав.“
Никогаш не бил човек кој потклекнува на туѓи правила. Многу рано во својата кариера одлучува дека неговата приказна со планините ќе биде само негова и дека неговите патувања ќе бидат само негови. Го одбил класичниот експедиционизам во Хималаите кога тимот треба да се потчинува на водачот и одлучно стана господар на својата судбина. Вели дека алпинистичкиот стил е едноставна уметност на преживување во вертикалите каде нема место за големи херои.
По враќањето од Даулагири доживува тешка повреда – при градењето на својата куќа паѓа во дупка и многу лошо ги повредува своите нозе. По десет операции и многу сомневање дека воопшто ќе прооди, тој денес продолжува во ист стил. Иако десната нога по таа повреда му е подолга за 2.5 санитметри од левата, а левиот зглоб само делумно подвижен, тој вели дека полесно му е да качува отколку да се движи нормално.
Дел од биографијата:
1994 – Ганеш 5 (6989м) – Прва експедиција во Хималаите на 25 годишна возраст. На врвот застанува на 13-ти Ноември заедно со Стане Белак – Шрауф (тогаш 54-годишен). Искачена е „Јапонската Насока“ но преку нова „Словенечка Варијанта“ (1000 метри, IV/V). вкупната должина на насоката е 2800 метри
1995 – Анапурна (8091м) – Соло: на врвот застанува на 6-ти Мај. Единствена „класична“ експедиција во Хималаите и негов прв врв повисок од 8000 метри. „Француската насока“ е висока 3900метри – токму тука се зближува со Стипе Божиќ (Хрватска) и Карлос Карсолио (Мексико) кои стануваат негови блиски пријатели и учители
1996 – Бобаје (6808м) – Томаж се искачува на врвот на 2-ри Ноември. Претходно оваа планина не била искачена. Насоката оди по Северо-западната Страна – “ Golden Heart” (2500 метри, V). Се симнува по друга насока – „Мемориална Насока“, V+ - во чест на Вања Фурлан (негов партнер на Ама Даблам). За аклиматизација претходнбо се искачува на Апи Лех (5700м).
1996 – Ама Даблам (6828м) – На врвот застанува заедно со Вања Фурлан на 4-ти Мај 1996 година. Се искачуваат по Северо-западната Страна по нова наока „Меморијална Насока“ (1650метри, VI, A2+) - во чест на Стане Белак-Шрауф. Качувале 5 дена, а се симнувале 2 дена. За оваа насока тој е добитник на Златен Цепин 1996. За аклиматизација се искачуваат на Имџатце(6173м).
1996 – Лобуче Исток (6119м), Пумори (7165м) Нупце (7742м) во Октомври.
На Лобуче се искачува по нова насока на Северо-источната Страна заедно со Јанез Јеглич и Карлос Карсоли. “ Talking about Tsampa” е висока 900 метри и има тежини V/VI.
На Пумори по Југо-источната страна по нова варијанта на „Францускиот Столб“ до висина од 6300м
На Нупце по нова насока заедно со Јанез Јеглич. Насоката се вика Хумар-Јеглич, оди по 2500м високата Западна Страна и има тежини IV/V. Јеглич загинува при симнувањето.
1998 – На Ел Капитен на 26-ти Октомври 1998 година. Тој е првиот Европеец кој се искачува соло по една од најтешките технички насоки – “Reticent Wall” (VI, A5). Насоката е висока 850 метри и ја качувал 15 дена. Тоа е прва средба со американските, гранитни „Големи Ѕидови“. За неговото искачување снимен е филм кој е добитник на највисоката награда на фестивалот за планински филм во Тренто.
1999 – Даулагири (8167м) по Јужната Страна во соло стил застанува на 2-ри Ноември – по нова насока „ Mobitel” ( VII, M7+) висока 4000 метри. За аклиматизација претходно се качува по Северната страна преку Швајцарската Насока до висина од 7300 метри. Филмот за ова искачување добива награди во Словачка и во Австрија (Грац) – „Златна Камера“.
2002 – Шишапангма (8046м) – И покрај многу лошите времснки услови и услови на планината Хумар упорно качува по Јужната Страна и ја достигнува највисоката точка на 2-ри Ноември – „многу блиску до врвот“ – кога одлучува да почне да се симнува.
2003 – Обид на Нанга Парбат (8125м) - во Јуни
2003 – Аконкагва (6960м) – на врвот застанува заедно со Алеш Кожељ на 22-ри Декември. Се искачуваат по Јужната страна по нова насока „Јоханова насока“ (2500 метри, VI+, A2, M5-M6) – во чест на Јанез Јеглич
2004 – Јану (7464м) – обид во Октомври
2005 – Чолатце (6440м) – На врв заедно со Алеш Кожељ и Јанко Опершник на 23-ти Април.
2005 – Нанга Парбат – Јули/Август – обид за нова насока по Рупал Страната која е висока околу 4700 метри
www.humar.com |