Други поглавја:

-Вовед;

-Приклучување;

-Високите логори;

-10-ти Мај;

-11-ти Мај;

-фотки од 1989;

 

- Кратка биографија на Стипе Божиќ

Текст од хрватскиот алпинист Стипе Божиќ за последните денови од експедицијата на Еверест во 1989 година кога заедно со Димитар Илиевски - Мурато се искачува на врвот...

Вовед

До сега, на секоја планина повисока од 8000 метри на која сум бил, сум изгубил пријател. Прв пат тоа се случи на Монт Еверест во 1979 година по успешното искачување на западниот гребен. На враќање од врвот се лизна и загина Стипе БожиќНепалецот Анг Пу. Десет години подоцна на симнување загубив уште еден пријател - овој пат од Македонија.

1989 година. Вики Грошељ кој во првата експедиција поради смрзнатини мораше да се откаже од искачувањето на Еверест, дојде до идеја заедно со Македонската експедиција да се обиде да се искачи на Еверест и Лотце. Кога ми се јави веднаш се согласив поради тоа што ме привлекуваше Лотце, но исто така и помислата за искачувањето на Еверест од јужната страна. Вики сакаше да се качи на сите 14 врвови повисоки од 8000 метри. Пред тоа се имаше качено на 5 и ова му беше добра шанса за повторен обид на Еверест.

На 7-ми Април тргнавме – од Загреб кон Амстердам, а од таму преку Делхи кон Катманду. Во главниот град останавме многу кратко и откако ги средивме формалностите околу добивање дозвола за качување, на 11-ти Април со авион заминавме за Лукла. Од тука со брзо темпо за пет дена стигнавме во базниот логор на глечерот Кумбу. Македонците убаво нé пречекаа и ни пружија целосно гостопримство. Нé поканија по искачувањето на Лотце да им се приклучиме во нивното искачување на Еверест. Патот кон двата врва е ист сé до третиот висински логор.

Во базниот логор под Монт Еверест таа година имаше рекорден број експедиции – вкупно седум. Непалските власти поради заработувачка го зголемија бројот на дозволи за искачување на Еверест во една сезона. За некои таквата политика е погрешна поради тоа што Еверест премногу се загадува, а исто така експедициите може да се доведат една со друга во опасност...

Вики ГрошељИнаку пристигнувањето во базата не предизвика воодушевување кај другите, претежно комерцијални експедиции. Водачот на американскиот тим побрза да ни наплати за преминувањето на мразопадот – поради тоа што според неговите зборови тоа било „разбирливо“ поради тоа што тие ја потрошиле целата опрема која и ние ќе сме ја користеле... Мразопадот е тежок за поминување поради тоа што треба да се премостат широки и многу длабоки (по стотина метри) пукнатини и да се заобиколат големи сераци. Поради тоа Американците кои први стигнале таму таа година, морале да набават многу алуминиумски скали кои често и ги спојувале една со друга со цел да добијат доволно широк мост преку пукнатините. Поради тоа што глечерот постојано „работи“, треба често тие уништени скали да се менуваат. Сé помалку ми беше жал за тие 250УСД кои ги плативме за да го користиме нивниот пат. По враќањето од Лотце се мислевме дали е паметно да ја минуваме таа бариера повторно... Покрај тоа имаше и други препреки кои ни стоеја на патот – Македонците колку и да беа добри домаќини не беа воодушевени од идејата да се качиме на Еверест пред нив, а исто така нé загижуваа и временските услови. Неколку експедиции буквално беа заробени на планината – не успевајќи да се мрднат од третиот висински логор, а на јужното седло каде требаше да се постави четвртиот и последен висински логор дуваше силен ветер со брзина поголема од 200км/час. Никој не се ни обидуваше да качува. Требаше да се чека.

Димитар ИлиевскиКонечно се договоривме со Македонците. Димитар Илиевски и Борче Јовчевски кои беа во вториот логор ќе не почекаат на тоа место, а потоа на 8-ми Мај заедно со двајца Шерпаси ќе одиме кон врвот. Во меѓувреме другите Шерпаси се обидуваа да ја донесат потребната опрема до јужното седло: шатори, вреќи за спиење, храна и кислород. Првобитната намера да се обидеме да се качиме на Еверест без кислород сé помалку ми се допаѓаше. Статистиката покажува дека повеќе од 30% од луѓето кои се обиделе тоа да го направат, загинале. Исто така за качување без кислород се потребни идеални услови – без силен ветер и длабок снег. Од нашата врска дознавме дека американскиот алпинист Скот Фишер пред некој ден имал добри услови без ветер, но морал да качува низ длабок снег и поради тоа се вратил на пола пат последниот логор од врвот.

Copyright © 2005 Alpinizam.org