Други поглавја:

-Вовед;

-Приклучување;

-Високите логори;

-10-ти Мај;

-11-ти Мај;

-фотки од 1989;

 

- Кратка биографија на Стипе Божиќ

Текст од хрватскиот алпинист Стипе Божиќ за последните денови од експедицијата на Еверест во 1989 година кога заедно со Димитар Илиевски - Мурато се искачува на врвот...

Високите логори

Третиот логор беше во очајна состојба. Шаторите беа скоро уништени. Германската фирма Salewa која ги произведе шаторите не заслужува никаква реклама – напротив. Му реков на Јован Попоски, водач на Македонската експедиција да го замоли Волт Меконел, водач на друга американска Шатори на Јужното Седлоекспедиција, да ни дозволи да ги употребуваме нивните шатори кои беа од марката North Face. На нашата фреквенција веднаш се јави Меконел:

-Во ред момци – сместете се во нашите шатори. Ќе ни биде чест да им помогнеме на така искусни алпинисти.

-Благодариме Г-дине Меконел! – му возвративме.

Ги извадивме дерезите и влеговме во удобниот шатор... Македонските алпинисти влегоа во другиот шатор на Американците па бевме мирни и за нив. Нашите Шерпаси утрото одлучија да останат уште еден ден во „двојка“, а потоа следниот ден да се качат на јужното седло каде ќе го поставиме четвртиот логор.

На 9-ти Maj излеговме на Хималајското „сонце со заби“. Тешки облаци надвиснуваа над гребените на Чо Оју на запад навестувајќи лошо време. Сепак ветерот беше послаб, но беше студено. Вредеше да се ризикува поради тоа што времето можеше да се смири токму кога тоа нам ќе ни беше потребно. Грешка на другите експедиции кои беа дојдени тука многу пред нас, беше тоа што тие чекаа да се подобри времето во пониските логори. Времето пак се расипуваше токму кога тие ќе тргнеа нагоре. Преку радио-врската ни рекоа дека членовите на амриканската експедиција чиј водач беше Ален Бургс рекле дека сме луди. Покрај Ален беше и неговиот брат-близнак Адријан и по нашето пристигнување под Еверест почнаа да покажуваа болна завист поради тоа што до тогаш се сметаа за најдобри алпинисти во долината Кумбу.

Тешко ја поднесуваа идејата дека на алпинистичките мајстори како Роб Хол, Скот Фишер и Питер Хилари (син на Едмунд Хилари) не им оди баш најдобро. Кога почна да се приближува нашиот успех на Еверест, а посебно по успехот на Грошељ на Лотце, тие станаа безобразно злобни... Ветерот полека стивнуваше и ветуваше добар ден за утредента. Бевме восхитени. Цело време еден на друг си ги повторувавме зборовите на познатиот далматински писател Миленко Смоје: „Страв ни е колку сме паметни“.

Вредеше да се помачиме на лошо време за да уживаме во добро време во повисоките делови. Стигнавме на јужното седло и подигнавме четврт логор (7900м). Околу нас имаше ѓубриште од многу експедиции...
Copyright © 2005 Alpinizam.org